Прашање: според какви индикации да проверам дека мојата молба кон Создателот е правилна?
Одговор: Правилна молба не е кога молиш да ичезне препреката, туку за да видиш во неа добро и корист. Треба да се кренеш над пречката и да сфатиш дека таа нé води кон возвишување, напредување, приближување кон целта, и во неа нема никакви случајни, надворешни сили. “Нема никакви разбојници во дворецот на Создателот” – сите што постојат во овој свет се Негови верни слуги, со чија помош Тој нè води кон поправка. Ако, пак, молиш да се промени твојот однос кон случувањата, а тој не се менува – значи тоа е сèуште вештачка, надворешна молба, но внатре е сепак егоистичка. Односно ако сèуште не си ја наполнил таа желба до целосна мерка која е неопходна, за да стапи на сила молбата и да доведе до твоја поправка. Сèуште во неа има замешано некоја нечистотија, егоистичка корист. Затоа Создателот или ги менува препреките пред тебе една по друга, или те тепа со истите препреки, што може да трае со години сé додека на крај ти не разбереш.
Од утринската лекција -23.08.2012, по писма на Баал ХаСулам, на Каб.Тв