Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ние се наоѓаме во светот на бесконечноста

Ние се наоѓаме во океанот на Светлината на Бесконечноста, која ги содржи сите свети имиња на Создателот, кои треба да се откријат во нашите желби, во мерка на сличноста на таа или друга особина на Создателот, содржана во во таа бесконечна светлина. Таа заедничка сила – се нарекува "Тора". Се разбира, дека ние денес не сме способни да ја оцениме и спознаеме – тоа е над нашите способности и желби.

Но тоа, што ни е дадено да го направиме: благодарение на светењето, кое стигнува до нас од оваа бесконечна светлина, ако ние посакуваме да и се уподобиме – ние можеме да достигнеме некоја делумна сличност и да го почувствуваме во себе како откривање на "светото име на Создателот".

Светоста – над "телото", давање, особина на Бина. Бидејки "името на Создателот" – тоа е духовен сад, "кли", исправена желба (т.е. со намера за давање). Нашата желба, со силата на светлината ќе добие таков облик ( намера) што ќе може да воспостави врска со Создателот – т.е. со светлината, со Тора ( имињата на Создателот).

Така постепено, чекор по чекор, од влијанието на светлината О''М, ние откриваме во себе посебни особини и дејства, слични на светлината, на Тора. И сето тоа се осеќа и се мери во нас и во однос на нас, кои примаме, во мера на нашата сличност на особините на светлината, според законот на соодветноста. Само станувајки слични на светлината, ние ќе можеме да ја осетиме.

Од утринската лекција 11/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica