Прашање: Како во групата се формира подготвеноста на ученикот за воспримање на науката кабала?
Одговор: Со помош на соединување. Човекот не може да биде подготвен за воспримање, ако не е соединет со пријателите. Тие треба да се сплотуваат, возвишувајќи го во своите очи учителот, градејќи со тоа правилна заемна поврзаност. Малиот може да прима само од големиот – од групата, од учителот, од Создателот, - ако тој ја наведнува главата пред нив. Таков е патот, што води по духовните скалила. Соединувајќи се, учениците го исполнуваат неопходниот услов, стануваат една целина. Тоа е знак, дека секој се поништил себеси пред другите, се смета себеси за помал и подготвен е да им дава. Да бидат единствени – значи да се исполнуваат сите услови на живеењето на групата.
Ние почнуваме да се соединуваме, и после долги години, го поминуваме оптоварувањето на срцето, наречено исто така и „десет египетски казни”. Како да се прашуваме зошто овие казни не започнале веднаш по пристигнувањето во Египет? Но не, во почеток ни е добро и пријатно да се соединуваме, исто како што им било добро и пријатно на синовите на Исраел, кои при населување во Египет, тие ја добивале својата храна преку Јосиф, кој сите нив заедно ги присоединувал кон основата – Јесод.
Јосиф е основа, која соединува пет категории, или пет чувства: Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах и Ход. Рабаш наведувал како пример салата од пет состојки: домати, краставици, пиперки, кромид и магднонос. Исецкај ги, измешај – и сите тие заедно ќе создадат нешто ново, како резултат на нивното соединување. Така и Јесод, немајќи ништо свое, претставува резултат на единството на пет особини. Преку него синовите на Исраел стекнуваат сè поголема длабочина на желбата во Египет, но засега, во текот на „седумте години на изобилство”, таа длабочина работи во корист на нивното сплотување. И затоа, токму во почетокот на египетскиот прогон, синовите на Јаков, заедно со Јосиф, испеале „колку е добро и пријатно да седат заедно сите браќа”. Тие чувствувале, дека вреди да се соединуваат, бидејќи заедно тие постигнуваат успех, заедно се силни. Така Египет нè заробува со егоистичко соединување.
Така течел процесот, сè додека не се открила толку голема длабочина, со која не може ништо да се стори. И тогаш Мојсеј избегал од Египет во пустината – тој едноставно не можел да престојува заедно со својот егоизам. За време на „седумте години на гладот”, ние откриваме, дека тоа е ропство, таа приврзаност кон материјалните вредности не ни оди во корист, туку напротив, нè одделува од целта. Наеднаш јас почнувам да сфаќам каде се наоѓам, и што со мене се случува. Ја гледам својата „животинска” желба, порасната во огромна мрша, и гледам, дека тој „ѕвер” веќе не е мој, дека јас се најдов во негова власт, под него.
Така над Египет застанува „нов цар, кој не го познавал Јосиф”. И тоа е подобро, бидејќи тој ни ја покажува вистината – нашата вистинска состојба во однос на Создателот – и со самото тоа нè приближува до Него. А потоа, на крајот, се одвиваат десетте казни: ние се држиме за нашето единство, а тие казни удираат по нас, за да нè откинат еден од друг. Сите тие се насочени против сплотувањето. Ако јас сум подготвен да се поткренам над егоизмот, да го победам царот египетски, тогаш се воздигнувам над тие казни, за да останеме во единство. Тоа за мене е поважно од несреќите на Фараонот. Во позадината на ударите, јас молам Создателот да ни го остави единството, без кое ние нема да излеземе од Египет. И токму во тоа е целата наша работа.
Не постојат многу светлини
Прашање: Речено е, дека Светлината на Зохар е најсилна. Но исто така, ние секогаш велиме, дека треба да ја привлекуваме Опкружувачката Светлина. Што точно правиме ние на лекцијата по Зохар – ја додаваме Опкружувачката Светлина на Светлината на Зохар?
Одговор: Тоа е едно те исто. Светлината е една. Не постојат многу светлини, постои едноставна Светлина. Едноставна, значи дека вклучува во себе сè. А сама от себе, таа е едноставна, бидејќи има една намера, еден стремеж, една цел – само да насладува. Бидејќи суштеството престојува во илјадници различни форми, нему му се чини дека постојат илјадници различни дејства од страна на Светлината, и божем постојат илјадници извори на Светлина, илјадници светлини.
Јас се наоѓам во илјадници состојби, и затоа ми се чини дека постојат илјадници светлини, кои влијаат на мене, и секоја Светлина доаѓа од свој извор: оваа е добра, онаа не толку добра, една е милосрдна, друга е посурова, и така во илјадници нианси. Затоа светот ми се чини толку сестран, небаре на мене влијаат илјадници надворешни фактори. Јас не го откривам нивниот единствен извор, како да постојат многу богови, или барем двајца – добар и зол. Само кога го достигнуваме највисокото скалило, гледаме, дека сето тоа е единствена сила.
Во тоа е разликата помеѓу науката кабала и сите верувања, религии и учења, кои се поклонуваат на секакви лажни извори. Кај нив исто така постои расцепување на еден ист извор на неколку, како што објаснува Баал ХаСулам во статиите „Науката кабала и филозофијата” и „Свет”. Но сето тоа произлегува од фактот дека луѓето не ја откриваат вистинската, конечната, највисоката причина, туку откриваат различни меѓу форми на патот, кои специјално се наменети за да нè оформат. Затоа кај нас доаѓаат различни светлини во различните состојби, и ние се збунуваме, небаре постојат многубројни причини. Но зад нив може да се распознае единствен извор. Ако правилно напредуваш во науката кабала, тогаш веднаш на почетокот од патот почнуваш да распознаваш, дека не постои никој освен Него, и само го откриваш Него сè повеќе и повеќе. Затоа кабалистите од самиот почеток говорат, дека „Создателот наш е Единствениот Создател” – тоа треба да биде нашата насока.
Превземено од Блогот на М. Лајтман на руски јазик, Од утринската лекција 26.12.2012, на Каб.Тв