15.08.2011 -
Пред сè, јас треба да се обврзам себеси дека ќе се поврзувам со другите за да го откријам својството на давање за да дојдам до потребата која бара многу време и која се нарекува „време на подготовка". На таа етапа јас откривам колку не сум способен да се соединам со другите, колку не го сакам тоа и едноставно го мразам. Токму тука ја откривам омразата. Во суштина, тоа не е омраза кон друг човек, туку кон самото својство на давање.
Затоа си подготвувам поддршка од своето опкружување, од самиот другар со кого што сакам да се соединам, барајќи помош од него: „Јас те мразам тебе и потребна ми е твоја помош!".
Овде се наоѓа посебната сила која се нарекува „заемна гаранција", како што е кажано: „Човекот да помага на ближниот". На тој начин јас добивам поддршка, која оди на моја сметка, затоа што јас самиот ја повикувам од туѓ извор. И според степенот на заемната гаранција, кога јас го поддржувам него, а тој мене, се обидуваме да се доближиме еден до друг и не успеваме! Тогаш откриваме дека ни заемната гаранција не помага, затоа што Го нема Оној, кој ја поддржува таа гаранција.
Потребен ни е Создателот, како сведок, како гарант кој ќе го потпише нашиот договор. Како што без „директорот на банката" нашата гаранција нема важност. Таа треба да се поддржи со капитал, со сила. А силата која може да нè соедини е Светлината! Светлината се открива благодарение на нашата поврзаност. И тоа е она што нè одделува од останатите случаи на гаранција, на пример од престапниците кои се обединуваат за да крадат. Тие не се обединуваат за да остварат меѓусебно давање.
Тоа е многу длабока работа која покажува зошто ние можеме да се реализираме себеси на тој начин и зошто соединувањето не им помогнало на останатите луѓе кои имаат материјална цел и кај нив не била привлечена Светлината која се враќа кон изворот. Овде е потребна заемна гаранција, во која е присутна силата на Создателот, силата на Светлината. За тоа е кажано: „Израел (кој се стреми директно кон Создателот), Тора (Светлината на поправањето) и Создателот е една целина".
Само така можеме да се соединиме, кога сме сите заедно – јас, групата и Создателот. Поинаку нема да функционира, нема да има сила која ќе го движи моторот и тогаш ние едноставно ќе излетаме од патот. Нема да имаме никаква можност да се провериме, како во прекинато електрично коло, каде што нема струја. И ако работиме на тој начин, еден ќе го поддржува другиот, но со силата на Создателот, која ќе се открие помеѓу нас. Само така ќе дојдеме до правилниот систем во кој се открива Создателот, својството на давање ќе се открие меѓу битијата. Од себе ќе направиме духовни садови, а во нив се открива Светлината, Создателот.
Од утринската лекција “Ту Бе Ав“ - 15.08.2011