Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ова претставува резултат!

Прашање: Што е подобро во распространувањето: дејството или резултатот од него?

Одговор: Резултатот не зависи од нас, тој зависи од дејството. Дејството претставува ефект од влијанието на Вишата Светлина, првин преку твоите напори во центарот на групата, а потоа преку твоите напори во работата со публиката, за која спроведуваш обука. Ти работиш во тие две точки. Ако отпрвин се обидуваш да влезеш во центарот на групата, да го најдеш таму Создателот и да работиш токму внатре во тој центар, тогаш ти се приклучуваш кон тој извор, го сочувуваш во себе. Потоа одиш кај публиката, се приклучуваш кон неа, даваш прашања, објаснувања, постојано мислејќи на тоа, како преку нив ја поминуваш Вишата Светлина, за тие да се возбудат, да ја почувствуваат – можеби сега сè уште несвесно, сè уште неодредено, но сепак таа да почне да дејствува во нив. Оваа твоја намера да ја пренесеш, како проводник, Вишата Светлина од изворот, од центарот на групата, каде што се појавува Создателот, до надворешната публика, се нарекува дејство – распространување на Светлината во мрежата меѓу сите души. Ако ти тоа го правиш, тогаш резултатот веќе не зависи од тебе. Дозволи му да се покаже ако не од првпат, тогаш од вториот или третиот пат. Ќе видиш како тоа ќе функционира. Ќе видиш според она, како луѓето ќе почнат да се менуваат, како твојата публика ќе чувствува желба за такви средби, ќе сакаат да дојдат и повторно да се соединат: „Тука ми станува потопло! Тука јас се наполнувам, се обогатувам, се стоплувам!“. Тие ќе го почувствуваат тоа внатре. Тоа ќе им стане необходно како кислородот. Ете тоа претставува резултат.

Од лекцијата на тема „Група и распространување“, на Каб.Тв

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica