Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од стравот се раѓа молитва, а од љубовта-благодарност

16.05.2011 -
Прашање: Каква молитва е потребна од сенката на егоизмот да се премине во „света сенка" – екран на своите желби?

Одговор: Поточно е да се праша – од што треба да се плашиме? Затоа што уште не знаеме што е тоа „молитва", а разбирливи ни се: стравот, трепетот, немирот, односно сè на што треба да внимаваме. Молитвата е чувство во срцето. Но, срцето чувствува само страв, кој се нарекува најпрва заповед. Или, откако правилно ќе се научи да се восприма тој страв, ќе се почувствува љубов.

Има вкупно две заповеди: страв и љубов. Стравот нè носи кон молитва, барање, а љубовта кон благодарност. Затоа е потребно да се разјасни во каква состојба се наоѓаш. Ако чувствуваш дека ти недостига исполнување, значи се наоѓаш во страв. Но, зошто треба да се плашиш, зошто се плашиш, дека ќе изгубиш нешто или некаква состојба да избегнеш, некаква несреќа? Запрашај се себеси!

Ако се плашиш дека ќе ти се случи нешто лошо, треба да си разјасниш дека „Нема никој друг освен Него". А ако се плашиш дека ќе го изгубиш тоа што го имаш денес, разјасни си како да работиш по принципот: „Ако јас не си помогнам, кој друг?" Овие разјаснувања се нарекуваат молитва.

Не треба да се остане на овие разјаснувања, туку треба да се работи со нив, колку што е можно повеќе. Најважно е да се разјасни секоја состојба и не е страшно ако во следниот момент пак се збуниш, не се најдеш самиот себеси и сите фактори кои влијаат на тебе: јас, опкружувањето, учењето. Врати се и разјасни си го тоа одново и одново.

Така ќе разјаснуваш сè повеќе детали, додека не ја достигнеш целта на битието. Во тоа и се состои целата наша работа. А според степенот на разјаснувањата, цело време ќе се развиваш по четирите стадиуми на АВАЈА на секое ново ниво. Најважно е да не се излезе од овие внатрешни разјаснувања:

- кој сум јас, кој управува со мене,

- како да се однесувам кон силата која ме движи,

- како да се поврзуваме меѓу себе и да се најдеме еден со друг,

- како да станеме партнери и да не се оставаме еден со друг, без оглед на сите прикривања и проблеми,

- како да се издигнам над нив, да ги оправдам и всушност преку нив да дојдам до разбирање и љубов.

Од лекцијата според статијата “Шамати“ - 16.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica