Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од што се плаши оној, кој чувствува трепет пред Создателот?

Баал ХаСулам„Откривање на мерата и скривање на две“: Тајните на Тора им се откриваат само на оние, кои треперат пред Создателот, кои ја чуваат славата на Создателот со целата душа и целото срце.

Иако во овие зборови забележуваме допир на некоја „стравопочит“, меѓутоа треба да сфатиме, дека станува збор за закон. Како што пишува Книгата Зохар, трепетот е првиот услов, првата поправка, после која следува втората фаза, скалилото на љубовта. Додека човекот не достигне трепет, додека не стекне садови за давање, скалилото на Бина, тој нема да може да го открие Создателот. И затоа е речено, дека тајните на Тора им се откриваат само на оние, кои треперат пред Него. Садот мора да биде поправен на таков начин, Светлината да може да се преслече во него благодарение на сличноста на особините меѓу нив. На таков начин, не станува збор за етички поуки, туку за цврста закономерност: „тајна“ е она што се открива  на „оние кои треперат пред Создателот“- на луѓето, искачени во нивната поправка до нивото на Бина. Тие го откриваат она, што порано било притаено од нив. Во Мидраш Раба е речено: „Секој, кој трепери пред Мене и ги извршува заповедите на Тора, - целата Тора и целата мудрост е во неговото срце“. Тука функционира едноставен услов – сличноста на особините меѓу садот и Светлината.

Прашање: Тука се зборува за оние, кои чувствуваат трепет пред Создателот и ја чуваат Неговата слава. Дали тоа е исто?

Одговор: Не. „Трепет“ значи, дека јас имам екран и одразена Светлина на нивото на Бина, додека „чување на слава“ – веќе е повисоко скалило. Тора ги пренесува зборовите на Мојсеј (Шмот, 33:18): „Покажи ми ја славата Твоја“. Тоа е ниво на Хохма, совршена верба, садови кои примаат заради давање. Од друга страна, во треперечките садови-желби јас давам заради давање, и само „го започнувам запознавањето со Создателот“, сè уште пасивно. Исто, како што човекот може да живее во овој свет, не знаејќи ништо за него, освен она што му овозможува да се прехрани. Така и во духовното се создава слична ситуација, која ѝ претходи на следната фаза – спознавање на Создателот, кое бара од мене да продрам во Неговите закони, во Неговата природа. Како? За тоа треба веќе да добивам Светлина Хохма – что е возможно само ако ја чувам, ја откривам Неговата слава. Токму таа е светлина Хохма. Ете зошто е речено: „Покажи ми ја славата Твоја“ – станува збор за начин на размислување, спознавање.

Прашање: Што значи да „трепериш пред Создателот“? Од што јас се плашам?

Одговор: Оној, кој трепери пред Создателот се плаши, дека нема да може да му причини Нему задоволство, за кое е способен. Јас не треперам за себе, за своето семејство, за овој свет, туку за Него. Ако пак сум во состојба истовремено да ја откријам Неговата слава, т.е. да ја откријам Светлината Хохма – уште подобро. Меѓутоа, за тоа е потребно да се активираат не само садовите за давање, туку и садовите за примање. Да се вратиме на трепетот: да речеме, ти некого многу го сакаш и почитуваш. Соодветно на тоа, ти постојано мислиш како да направиш за него нешто пријатно.

Прашање: Што му е пријатно на Создателот?

Одговор: Ако цело време мислиш на тоа, тогаш ќе го најдеш одговорот. Нему му е потребна твојата грижа. Бидејќи, ако сакаш да дознаеш што му е пријтно Нему, сакајќи да го насладиш Него – тоа веќе претставува одразена Светлина од твоја страна. Во неа Создателот ќе се открие, и ќе ти покаже што треба да правиш. Но под услов да добиваш задоволство од твојата грижа, од барање на можност да направиш нешто пријатно Нему. Тогаш вие со Него сте во интеракција, си причинувате задоволство еден на друг – и со тоа се спојувате во љубов.

Прашање: Кому, всушност, сaкам да му причинам задоволство? Што претставува Создателот?

Одговор: Тука секогаш е потребно да го избегнуваме материјализирањето на поимите. „Создателот“ (Боре) – е особина на давање, која се открива во мене според принципот „дојди и види“ (бо-ре). Јас "се тешам" со неа, а таа – со мене. Јас се однесувам кон таа особина не како кон личност, туку како кон виш Корен.

Прашање: Но што да си замислувам во себе, додека таа не се открие во мене?

Одговор: Во човекот се вградени такви детали на воспримање, кои му придаваат чувствување на реалноста на вишата особина. Постепено, од љубовта кон суштествата, јас преминувам на нивото на љубов кон Создателот. Тоа скалило се формира, се гради во мене. Во ова се кријат одговорите на фундаментални прашања: зошто тоа ниво се гради токму над нашата сегашна природа, наспроти егоистичката желба? Зошто суштеството е токму така уредено? Зошто во своето барање тоа мора да се возвишува над знаењето, да оди против желбата?.. Но во секој случај, денес јас не можам да си замислам што претставува Создателот, и не смеам да го „цртам“ Него во таква или поинаква форма.

Прашање: Во тој случај, како треба сега да се однесувам кон таа виша особина?

Одговор: Треба да овозможиш твојот однос кон него да поминува преку пријателите и учителот. И тогаш нема да згрешиш.

Од лекцијата по статијата „Откривање на мерата и скривање на две“, 13.12.2013

Од што се плашиме?

Баал ХаСулам „Откривање на мерата и скривање на две“: Тајните на Тора ги открива само оној, кој трепери пред Создателот, кој ја чува славата на Создателот со целата душа и целото срце.

Прашање: Дали постои поврзаност меѓу личните стравови и трепетот пред Создателот?

Одговор: Личните стравови и трепетот пред Создателот се поврзани со причинско-последична врска. Создателот ни дава страдања во материјалниот живот, и сите тие се суштински стравови. Ние се плашиме нешто помалку да добиеме, да не ја обезбедиме нашата егзистенција, се плашиме за судбината на нашите деца и т.н. А потоа, со помош на учење, примајќи Светлина, која враќа кон Изворот, ние постепено се искачуваме над тоа кон она скалило, каде преминуваме од стравовите на нашиот свет кон духовниот страв. Напредувањето под притисокот на материјалните стравови се остварува своевремено, по заповед на времето, под „притисок на развојот". Така се развива целото човештво. Но ние сакаме да се развиваме со помош на вториот вид на страв.

Како тогаш да го стекнеме стравот, дали ќе можам да му причинам задоволство на Создателот? Луѓето, чија душа е способна да достигне таков страв, доаѓаат во групата и почнуваат да се развиваат. Тие треба да си ги заменат своите лични стравови со страв од тоа, дали ќе можат да ѝ помогнат на групата, на пријателите, и преку нив – на Создателот. „Сега Тој ми е непознат мене, но ако се сложам со пријателите, тогаш несомнено ќе се сложам и со Него“. Ако луѓето се подготвени, можат да работат на таков начин, во страв за групата, за широката публика, за распространувањето, во стремеж нанадвор, надвор од нивните лични, индивидуални интереси, ако пристапуваат кон реализација на оваа можност, која ни е дадена во нашиот свет, ако го формираат форматот, со кој може да се влезе во духовниот свет, тогаш тие одат напред. Така ограничениот личен страв се заменува со духовен, сеопфатен.

Од лекцијата по статијата „Откривање на мерата и скривање на две“, 13.12.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica