30.01.2011 - Од говорот на Третиот Светски Духовен Форум "Соработката во областа на сознанието" во градот Ароса (Швајцарија), 23 јануати 2006 г.: Сите сили на Природата, со исклучок на човековиот егоизам се наоѓаат во рамнотежа образувајќи единствен систем, и само човекот ја нарушува општата хармонија. Сé во Природата е меѓусебно поврзано и тежнее кон согласност со себе и околината. При слабеење на внатрешните врски се руши рамнотежата, надвор од која започнува уништување на организмот. Способноста да се врати рамнотежата е услов за живот.
Денес за тоа се зборува во многу медиуми. Сé се базира на рамнотежата на силите. Тоа ни е јасно, но сепак ние не разбираме колку е важно нашето учество во овој процес. Целата Природа на сите нивоа на развојот се наоѓа во многу кревка состојба на рамнотежа. Затоа човекот мора да осознае дека тој е причината за нарушување на таа рамнотежа. Нестабилната околна Природа целосно зависи од нас а ние сме единствениот елемент во создавањето кој престојува во неурамнотежена состојба.
Човекот се наоѓа насред природната рамнотежа и неговите варирања се одразуваат врз целата природа. На неживото, растителното и животинското ниво сé е избалансирано автоматски, инстинктивно –така функционира целата Природа. Само човекот е под знак прашалник. Дадена му е слобода на вољата која за жал се решава егоистично, многу страшно: ние цело време "се наклонуваме" на страната на минусот. Со милениуми се акумулираат грешките и постепено ние ја нарушуваме рамнотежата на Природата.
Денес за тоа зборуваат сите: точката од која нема враќање е веќе помината и ние не можеме да сториме ништо со екологијата, со загадувањето на светскиот океан, со ефектот на стаклена градина и т.н.
Накратко, "опуштете се, излез нема". Но всушност тоа не е така. Напротив кабалата вели дека тоа е во наша моќ. Сегашниот наклон е предизвикан само од човекот. Проблемот е тоа да се сфати. Зошто и денес многумина "сезнајковци" сé уште велат: "Не е важно, во Природата се одвиваат циклични повторливи процеси". Се разбира ние не се наоѓаме на конгрес за екологија и не се бориме за заштита на околната средина. Ние треба да сфатиме дека сето ова функционира сосема поинаку.
Во оваа форма Природата специјално нè учи како да се надмине нерамнотежата, да се сврти трендот во спротивна насока. Зошто? За да живееме во чист свет? За да ни биде добро во семејството, со децата? За спокоен, здрав и долг живот? Апсолутно не е така.
Промената која треба да ја извршиме не е потребна за тоа. Потребна е за да почнеме да управуваме со себе, со своето влијание врз Природата и на таков начин да излеземе во надворешно чувствување на истата, од внатрешниот свет да се искачиме во светот на човекот, духовниот, вечниот и совршениот свет.