Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Операција на отворено срце

 24.02.2010 -  Арава конгрес

Прашање: Што претставува малиот труд што треба да го направи секоја личност за да го отвори своето срце и конечно да го открие влезот во духовниот свет?

Одговор: Прво и основно, морам секој да го вклучам во срцето. Можеш да размислуваш за тоа или да го чуваш во чувствата. Сé зависи од тоа како работиш во срцето и умот. Можеби нема да сакаш да останеш во чувствата; зависи од личноста. За мене, помага кога си давам причина бидејќи ги зајакнува моите чувства. Впивам сé во моето срце и се присетувам дека целиот универзум се состои во личноста, и дека тој го отелотворува целиот свет. Ги вклучувам сите мои пријатели во срцето бидејќи засега не можам да го вклучам целиот свет. Ако имам стремеж кон моите блиски пријатели, тогаш без сомнеж и тие поседуваат стремеж кон мене. Не ни мора да зборуваме за тоа. Навистина почнувам да чувствувам дека тие постојат во мене, како мајка која го чувствува нејзиното чедо внатре во неа.

Според тоа добивам попрецизна перцепција на реалноста, која постои во мене. Баал ХаСулам пишува дека сликата за светот се создава во задниот дел на мозокот а чувството на светот во нашето срце. Не постои свет надвор од моите чувства.

Моето срце е Малхут на светот на Бесконечноста, но ако ги вклучам сите во мене, тогаш станувам Адам ха Ришон (првиот човек) и сликата на Создателот се открива внатре во мене. Мојот материјал ќе го добие обликот на Адам и кога обликот на Создателот ќе се облече во неа, тоа се нарекува срастување на Создателот со созданието, или обединување на Зеир Анпин и Малхут.

Добивам потврда од секој крај дека сé што треба да направам е да ја апсорбирам реалноста во мене. Ова почнува со работење со пријатели бидејќи можеме да си влијаеме и помагаме еден на друг. Првото отворање на срцето зависи од моето разбирање на фактот дека немам друга опција. Рацете ми се кренати во очај, гледајќи дека не сум постигнал ништо. Сигурен сум дека не постои друг начин да стигнам до изворот на животот и да ја постигнам неговата цел. Затоа, подготвен сум да се отворам.

Иако може да се случи да одлучиш дека сé уште не си ги искористил сите опции. Ова е бидејќи егоизмот на човекот секогаш се труди да го убеди дека сé уште сам може да постигне успех со помош на други средства. Човекот се согласува да се обедини со пријателите само откако станал целосно разочаран. Тоа е последното нешто што ми останува да го направам. Ако се разочарам од сите мои соништа, ако сите мои обиди да успеам завршат со неуспех, само тогаш како резултат на мојата безнадежност, очај и огромниот притисок се согласувам да се обединам.

Ова е слично на мало дете што радо би останало во утробата на мајката, не сака да си замине, но притисокот го турка надвор од неа! Мислите ли дека синовите на Израел сакале да го напуштат Египет? Додека биле во пустината тие зажалиле зошто го напуштиле Египет затоа што таму имале сé. Никој не сака да се роди во духовниот свет бидејќи сите сме егоисти. Преминот е многу тежок и затоа е толку тесен (Цар) и се нарекува „родилни болки“ (Цирим).

Се вели дека бремена срна оди високо во планините и додека не дојде змија да ја касне, срната не може да роди. Змијата го претставува најлошиот вид на егоизам, и сé додека не е откриен во човекот, тој не е подготвен да се роди.

Од лекциите на конгресот во пустињата Арава - 24.02.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica