Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Осветлување на месечината

Искачувањето на Малхут во Бина се нарекува осветлување, благословување на месечината. Тоа означува стекнување на вербата, благодарение на која човекот треба да ја благослови својата работа над разумот. Тој сфаќа, дека не смее да работи со своите желби за примање, туку целата работа треба да се врши во желбите за давање. Но тој сè уште нема желби за давање, дури и не сфаќа што тоа претставува. Затоа Создателот му покажува со „прстот”: „Гледај, ова е форма на давање!” Односно човекот постепено почнува да ја открива формата на давање, и сфаќа дека токму таа е онаа посакуваната. А сè дотогаш тој не можел ниту да ја открие, ниту да ја процени, ниту да си ја замисли. Бидејќи она, што ние го нарекуваме давање во нашиот свет – не е давање, туку  прикриено примање, лажен алтруизам. Несомнено е, дека сè додека со човекот управува неговата егоистичка желба, тој треба да извлекува некое насладување од своите дејства, во спротивно тој не ќе може ниту да мрдне. Наполнувајќи го ближниот, тој мора да чувствува некоја корист од тоа. Или ближниот ќе му биде помил од себеси, бидејќи тој чувствува кон него природна љубов, како мајка која е подготвена да направи сè за своето бебе. Или сме толку поврзани, што користа на другиот е неодделива од мојата лична корист. Или со мене управува стравот!

Како мотив може да биде или користа, дополнителната добивка, или стремежот да се намалат личните страдања. Тоа исто така се чувствува како егоистичка добивка, и обично уште поважна, одошто насладувањето. Јас можам да чувствувам добивка и од стекнатото, и истовремено од тоа дека ја избегнав загубата. Притоа, во вториот случај мојата радост е многу поголема. Човекот може да најде на патот банкнота од 100 долари, да се израдува, и брзо да заборави на тоа. Но ако загуби свои 100 долари, ќе се вознемири многу повеќе отколку кога би ги нашол. Затоа што тоа е исто, како нешто да откинеш од себеси. Затоа треба да се сфати, дека силата на вербата се наоѓа над нашата желба, и се стекнува во две фази: во почетокот врз желбите кои работат во однос на добивката, а потоа врз оние, во кои се чувствува загубата. Целата наша желба се дели на два дела: нивоа 0-1-2, наречени Галгалта ве– Ејнаим и 3-4 ниво, наречени АХА”П. Затоа, давањето прво се остварува во желбите за давање, а потоа и во желбите за примање. Се разбира, дека да се работи заради давање во желбите за примање е многу потешко, затоа што човекот притоа чувствува суштинска загуба. Тој би можел да прими во тие желби насладување директно, додека сега напротив, се подготвува да дава токму поради тие желби. Излегува, дека за  неговиот егоизам тоа претставува двојна загуба.

Но тој „се осветлува” себеси, односно стекнува особина на давање и така напредува, сè додека не се удостои на „осветлувањето на месечината”, кога особината на давање за него станува света. Самиот тој не може да свети како Месечина, - но свети во таа мера, во која се залепува благодарение на силата на вербата кон Вишата Сила, кон Изворот на Светлината, кон Сонцето. Благодарение на тоа се осветува Месечината. Месечината небаре е истата земја, која не може да генерира никаква Светлина, но верно му се присоединува на Сонцето над земјината површина, и затоа почнува да свети. Тоа не е лично нејзина Светлина, но таа свети благодарение на фактот, дека ништо не добива за себе, туку само за да им свети на другите.

Да се открие отровната лага на егоизмот

Прашање: Како да проверам, дека учењето не претставува за мене „смртоносен отров”?

Одговор: До состојбата, кога учењето станува „смртоносен отров” уште треба да се дојде. За таа намена јас треба да откријам, дека се наоѓам внатре во својот егоизам и ги мразам сите, вклучително и Создателот. Јас гледам, дека не сакам со никого да се соединувам и никому да давам. Но знам, дека таква е целта на содавањето, која јас треба да ја достигнам. Односно јас веќе откривам две линии, противречни една на друга. Со внатрешното разбирање на потребата за достигнување на давањето, истовремено ми се открива, дека мојата природа е спротивна на тоа. Токму тогаш јас откривам, дека тоа е „смртоносен отров”. Јас треба да дознам, дека примањето заради себе и искористувањето на ближниот – за мене значи смрт. Ги гледам лицата на пријателите и сфаќам, дека сакам сите да ги искористам. Сакам да бидам најумен од сите, најубав од сите, најјак од сите, најуспешен од сите. И кога не би пристапувал вака кон секој, тогаш воопшто не би чувствувал и не би видел, дека тој егзистира во светот. Не би го идентификувал со своите сетилни органи, бидејќи зад видот стои мојот егоизам. И ако немам намера да го искористам човекот каква било добивка, тогаш јас воопшто не го гледам. Тој за мене не постои! Затоа, тоа е високо скалило, ако сум открил, дека се наоѓам во состојбата “ло лишма” и сакам да ги искористам сите, но сфаќам, дека тоа е смртоносен отров, односно е спротивно на она, што треба да биде. Бидејќи јас сакам вистина, но егзистирам во оваа лага. Тоа е последица од големата Светлина, која доаѓа кај човекот и му ја осветлува неговата вистинска состојба, овозможувајќи таа да се сфати.

Преземено од Блогот на М. Лајтман на руски јазик - Од утринската лекција, 01.12.2012.  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica