Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Осознавајќи ја мудроста на создавањето

16.02.2011 -
Прашање: Целокупната реалност – е Светлината и кли, Создателот и суштеството, јас и ближниот. Зошто тогаш Зохар изгледа толку комплициран и збунувачки?

Одговор: Нам Зохар ни изгледа комплициран и збунувачки, затоа што сé уште не сме ја постигнале целосната слика. Кај нас "јас" и "светот", моите желби, моите мисли, силите кои дејствуваат во оваа реалност и наполнувањата во неа ни изгледаат оддалечени една од друга, разбиени. Затоа оваа сила на разбивањето ми дава извонредно комплицирана, збунувачка слика.

Сето тоа е така бидејќи јас не го гледам тоа во целина, а поделбата ми создава збунетост.
Колку што можеме – не во разумот (тој нема да помогне!) туку во чувствата, односно во повеќе поправените келим (желби) да ги видиме сите тие перцепирани детали соединети заедно; јас, ближниот, Создателот, групата, опкружувањето, сето постоечко, колку што ќе посакам да ги поврзам заедно, толку тие напори ќе ми донесат Светлина. Светлината пак, ќе ме доведе до воспримање на поцелосна слика, чии што елементи ќе почнат постепено да се соединуваат.

Од соединението на сите тие спротивности кои стануваат поддржувачки и меѓусебно поврзани, доаѓа целата мудрост. Колку подалечни и спротивни биле претходно сите тие детали од сликата на реалноста, кои сега ги гледам соединети заедно, поддржувачки и меѓусебно дополнувачки, - толку подлабоко ја осознавам Замислата на создавањето, програмата на создавањето, процесот кој ние го поминуваме.

Од тие спротивности јас почнувам да живеам, да ја чувствувам оваа огромна мудрост, да го соединувам во една целина Вишото управување, да го поврзувам со Единствената сила. Сето тоа – како резултат на влијанието на Светлината врз моите разбиени желби и мисли, кога јас сакам таа да ги соедини во една целина.

Од утринската лекција од “Вовед во Зохар“ од 16.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica