Прашање: На кој начин во нашата правилна взаемна поврзаност се открива Создателот?
Одговор: Постои сад, и постои Светлина. Создателот се открива само во садот, во суштеството. Суштеството претставува желба, која може да доживува добро или лошо чувство – присутство на нешто или недостаток од нешто. Создателот, пак – тоа е однос.
Да се открие Создателот – значи да се открие Неговиот однос кон нас. Не Него самиот, туку токму односот, т.е. формата, преслечена во материја, или Светлината, преслечена во сад. Светлината се преслекува во садот, кога тој ја поприма нејзината особина. Што е тоа светлина, како таква, јас не знам. Но преслекувањето на Светлината означува, дека таа се отпечатува себеси во садот.
Заради тоа кли треба да биде "меко", поинаку кажано, да чувствува недостаток, да посакува Светлина. Бидејки Светлината остава во садот спротивен на себеси отпечаток, а садот треба да ја дешифрира таа спротивност во обратен правец, да се врати од негативот во позитивот, за да ја разбере Светлината.
Затоа нам ни е потребно да ја обезбедиме со скратувањето (екранот) и намерата (Одразената Светлина) нашата желба за насладувања. Ние можеме да чувствуваме и правилно да ја толкуваме Светлината во зависност од тоа, како таа формира во нас екран и Одразена Светлина. Како резултат ние ја чувствуваме сопствената форма – но токму Светлината ја создаде неа во нас, и затоа ние ја нарекуваме неа, формата, со нејзиното име, името на Светлината.
Исто така АВАЈА – тоа е форма на суштеството, наречена според името на Создателот. Само така ние го спознаваме Него – по формата, а суштината на Создателот не ја постигнуваме никогаш.