Прашање: Како мажите и жените земаат улога во процесот на интегралност?
Одговор: Во принцип нема посебни разлики меѓу мажите и жените. Во училницата се преферира да се заштитат мажите од полови пречки и да се осигура дека дури и ако седат во мешана група тоа нема да ги одвлече од нивната свесност. Посебно ако седат во круг и се гледаат еден со друг и комуницираат, мора да научат да се издигнат над сексуалната привлечност и одбивање на „животното“ во нив за да можат да ја гледаат секоја личност во кругот како извор на желба, и да може секој да се интегрира со другите, над нивното тело. Тоа треба да ги натераме да го направат. Ако видиме дека уште постојат пречки од овој тип, тогаш претходно треба да изградиме група во која нема да се појават вакви пречки.
Прашање: Во втората фаза на учењето, подготвуваме експерти, и мажи и жени. Задачата на мажите е колку – толку сфатлива. Кои задачи треба да се подготват за жените?
Одговор: Мислам дека треба да има повеќе образовни задачи за децата, пензионерите, а помалку за возрасните од 17 – 50 години за кои попогодни и барани би биле машки инструктори. Се разбира, ова треба да биде во согласност со општеството во кое се наоѓаме: европејци, азијци или јужноамериканци. Предавањето може да се врши и во двојки кои ќе покажат како успешно соработуваат еден со друг. На овој начин ќе се создаде добра атмосфера во групата и нема да има сексуални проблеми.
Може да ја презентираат нивната еднаква и апсолутна соработка, како двајца учители, две човечки суштества кои му се приближуваат на интегралниот свет и сакаат да бидат вклучени во човештвото над нивните тела, хормони и други аспекти. Тогаш ова ќе влијае на групата и ќе можат да работат мирно и тивко.