Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Очигледна состојба без зборови

Одговор: Важноста на држењето до групата не е спомнато бидејќи е јасна и очигледна состојба. Единството, поврзувањето со другите, е садот без кој едноставно е невозможно да се почне со работа. Благодарение на тоа ти се издигаш над егото и постигнуваш минимална желба за дарување, од која продолжуваш понатаму. Но ако немаш средина која ќе ти помогне да се издигнеш од оваа дупка, од твоето его, тогаш нема со кој да зборуваш. Личноста, откривањето во нас е она што се издига над егото, и ова е можно само држејќи се до пријателите. Ако не ги извршуваш овие работи, тоа е како да не си се родил, и нема со кој да зборуваш.

Не зборуваме за тоа што треба да го стори човекот додека е капка семе и уште не е роден. Се работи за човек кој веќе постои, што значи за откривањето внатре во личноста кое се буди и се издига над егото. Ова е можно само со помош на околината. До степенот до кој човекот се држи до околината тој може да излезе од егото и да се издигне над него. Нема друга сила што може да го извлече. Подоцна можеме веќе да зборуваме за другите негови духовни дејства за кои исто така е потребна силата на околината, бидејќи тој самиот нема моќи. Човекот е желбата за примање, и не можеме ништо да кажеме за тоа. Се работи само за делот кој се издигнал над егото и затоа се нарекува пријател, човек.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 06/06/12, Шамати #25

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica