Прашање: Ако сé во светот зависи од луѓето, кои се занимаваат со духовниот развиток, дали тоа значи дека ние сме одговорни за сите страдања, кои се случуваат во светот?
Одговор :Ние не ги предизвикуваме страдањата во светот – напротив, привлекувајки ја Светлината, ние ги преместуваме страдањата од материјалното ниво на нивото на духовните страдања. Излегува, дека наместо страдањата од војни, болести и сите други проблеми, ние страдаме од тоа дека кај нас не постои духовното.
Тоа е тоа што науката кабала му го дава на човекот. Таа му носи "страдања" – но тие не можат дури така да се наречат,...тоа се страдања на љубов... Како во случај кога јас би бил поканет на трпеза дури после неколку часа, и сега намерно не би јадел, за да го сочувам апетитот. Тоа се нарекува страдања од љубов, кога јас разбирам, дека треба да ги подготвам духовните келим. И веќе сега, во сеуште празните келим, јас ја чувствувам светлината од престојната средба со луѓето, кои јас ги сакам, и од трпезата.
Токму кон тоа треба да се доведе човештвото – да им се покаже, дека постои решение, за да не се развиваме на сметка на ударите од природата. Ние сега навлегуваме во период на еколошки проблеми, и тие можат да предизвикаат страдања и смрт на илјадници луѓе. Ние гледаме, дека природните непогоди се случуваат низ целиот свет – во Кина, Европа, Русија, Америка. И единствен начин од нив да се спасиме – тоа е да се премине кон подготовка на духовните келим не во овоземен облик, да не се чека, додека поминат десетици години во страдања, додека ние конечно не сфатиме, дека постои причина и цел и две патишта до целта:
Патот на Светлината и патот на страдањата. Зошто непотребно да се мачиме? Дајте уште сега да ја привлечеме Светлината, која ќе ни ја покаже разликата помеѓу нејзината состојба и нашата, за ние да страдаме поради тоа дека посакуваме подобра состојба, а не поради тоа дека сега ни е лошо. Тоа е тоа што науката кабала му го нуди на човекот – патот на Светлината наместо патот на страдањето.
Од утринската лекција кон статијата “Предговор кон Паним Меирот“ /01.09.2010