Прашање: Како јас, изучувајќи ја кабалата можам да сум сигурен дека не "филозофирам" во однос на поимите кои се уште реално не сум ги постигнал: љубов, взаемна одговорност, соединување, давање?
Одговор: Ако човекот ја изучува кабалата од оригинални извори, добива правилни упатства и се држи до учителот, вистинскиот кабалист, не може да се случи да почне да фантазира наместо да се истражува себеси во Светлината, која враќа кон Изворот. Кај него веќе се формира правилен пристап, тој знае дека само тоа е животот. Тој учи за да добие желби за давање, со тоа ја привлекува кон себе Светлината. И иако тој сé уште не се занимава со вистинско истражување на духовниот свет – тој работи со групата, како во лабораторија.
Таму ќе откриеш каков егоист си ти. Од друга страна, пак, ќе ја привлечеш кон себе Вишата Светлина, која ќе почне да ти свети оддалеку – и ќе ги видиш своите особини во заднина на таа Светлина. Поради тоа ќе почнеш да страдаш, сакајќи да станеш сличен на Светлината и гледајќи дека не си моќен тоа да го сториш.
Таа напнатост, разликата меѓу посакуваното и реалното – ќе те доведе до експлозија, и ти ќе се обратиш кон Создателот за помош. И тогаш ќе ја добиеш одозгора силата на давањето!
А откога кај тебе ќе се појави силата на давањето – ти стануваш кабалист и почнуваш да го истражуваш духовниот свет. Ти веќе можеш малку да ја вкусиш разликата на едното од другото – силата на давањето од силата на примањето. Стануваш научник-истражувач – на самиот себе и на Создателот, што е едно исто! Бидејќи сега имате заеднички дел, кој ти е достапен. Така ти ја добиваш можноста да го истражуваш духовното, "човечкото" скалило.
Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка" 15/12/2010