Прашање: Баал ХаСулам пишува дека кога некој ќе стане духовно напреден, тој „патува по огромен свет." Што значи да се патува по светот на Создателот?
Одговор: Светот е Малхут на бесконечност, додека сите други светови се засебни, посебни состојби во него кои ги откриваат неговите специфични одлики во врска со нас за да ни помогне во целост да станеме дел од него.
„Да се патува по светот на Создателот" значи да се достигне Малхут на светот на бесконечноста и да се открие целата моќ и богатство на врските помеѓу неговите делови, кои се поврзуваат и надополнуваат еден со друг. Немам што друго да кажам бидејќи зборовите не можат да опишат што се случува Горе штом доброто и злото, вистината и лагата ќе се обединат.
Тие се обединуваат и надополнуваат меѓусебно, и тоа го откриваме во себе, во заедничката желба на сите души, наречена Малхут на светот на бесконечноста. Тоа се вика „патување по светот на Создателот." Тоа е кога ќе можеме да ги користиме сите сили и сите желби на Малхут на бесконечноста, достигнувајќи го секој од неговите детали и сите нив заедно.
Најважното задоволство е „кога сомнежите ќе се разрешат," што значи кога нештата кои се чинат спротивни и дека меѓусебно се мразат наеднаш ќе се обединат. Тоа е кога меѓу нив ќе бликне љубов, создавајќи место кое ќе го исполни Светлината. Така човек „патува" по светот на Создателот, согледувајќи ја сета хармонија во која живее Малхут на светот на бесконечноста.