Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Песочната бура на мојот егоизам

Прашање: Вие сакате да кажете, дека поради тоа што јас сега егоистички го искористувам соседот – во Индија се случува песочна бура?

Одговор: Да! Човекот треба да сфати, дека сите проблеми произлегуваат од отсутството на поврзаноста меѓу нас. И тоа не значи, дека со оддалечувањео од тебе јас веднаш предизвикувам некој ураган, кој носи песок. Но со спротивставувањето на тебе јас внесувам дисбаланс во рамнотежата на силите во природата.

Сите сили се наоѓаат во единство, заемна поврзаност и рамнотежа, во сеопшта хармонија. Освен човекот, кој со својот растечки егоизам не сакајки да има обѕир кон останатите, станува активен негативен елемент, кој го нарушува балансот на сите сили (на неживата, растителната и животинската природа).

Решението на проблемот – да се стане интегрален дел на целата природа, како сите останати нејзини делови. Ние откриваме, дека светот се наоѓа во единство, во целосна взаемна поврзаност, каде што сите се поврзани меѓусебно.

Значи ние мораме да се соединиме, како "еден човек со едно срце". И ако вие приговорите, дека ние не сме способни за тоа – постои науката кабала и нејзината примена ја предизвикува силата на обединувањето. Човештвото неизбежно ќе дојде до таков заклучок, тој е многу блиску. Ако ние веќе навлеговме во тој период – тогаш понатаму се' се одвива многу брзо.

Од утринската лекција 10/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica