Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Плачење за скршениот сад

Вишиот може да му помогне на нижиот под услов нижиот да се труди да се спои со Вишиот. Но да се спои со Вишиот сам е невозможно, затоа што спојувањето означува дека ти сакаш да Му донесеш расипан сад за давање, за да Тој го поправи. Бидејќи сите сме расипани.

Но кога јас така се чувствувам себеси? – Кога сакам да се поврзам со некој и не сум способен тоа да го сторам. Тогаш го земам тој разбиен сад и Му велам на Вишиот: “Поправи!”. Тој го поправа – и тогаш јас имам цел сад со одредена мера на давање. Во него јас извршувам дејство – поврзување во реалноста, во поправениот сад и тогаш го постигнувам духовното скалило. Со други зборови, јас имав мал скршен сад. Го замолив Вишиот – и Тој го поправил, односно ми даде сила да го залепам садот и тој стана цел. Сега јас можам да го наполнам тој сад извршувајќи дејство на давање – и јас го наполнувам. Тоа се нарекува дека јас го достигнав нивото Нефеш де-Нефеш на светот Асија.

И повторно им се обраќам на пријателите, на групата, и повторно дознавам  до кој степен не сакам да напредувам понатаму, до кој степен мојот сад е искршен. Повторно Го молам Вишиот да го поправи. Бидејќи јас морам да Му дадам нешто, за да Тој го поправи. Инаку, со што ќе одам кај Него, со каква молба? Јас морам да дојдам и да плачам дека садот е скршен, како кога малото дете доаѓа и плаче дека се скршила чашата. Тогаш Вишиот ќе поправи, и јас повторно го наполнувам поправениот сад со давање кое го посакував, и го постигнувам следното духовно скалило – руах де-нефеш на светот Асија. Така се искачувам по 125-те скалила.

од лекцијата по книгата „Зохар“ 07.08.2012 на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica