Баал ХаСулам, „600.000 души“: Во реалноста ништо не постои на овој свет освен една единствена душа, која е поделена од човековиот егоизам на 600.000 делови и мноштво духовни искри.
Била создадена обединета душа, и ништо повеќе. Само таа постои, и ние секогаш сме во неа. И ако ни изгледа дека тоа не е така, тоа е затоа што сме со маани. За мене општиот сад се дели на „јас“ и „другите“ наместо да ми се појави како интегрална целост каде има само „ние“.
Сета моја работа се ведува на поправање на мојата перцепција. Досега бев во свет чии делови изгледаа неповрзани и со недостиг на меѓусебно поврзување. Така сум изграден одвнатре. Така секогаш ми било удобно да го гледам надворешниот свет и добро се сложував со него.
Меѓутоа, денес надворешниот свет зазема различни облици: излегува дека неживото, растителното и животинското ниво на природата се тесно поврзани. Вистина, тоа не ми е толку важно, а сепак екологијата е важна бидејќи моите погрешни дела предизвикуваат непријатни промени во природните феномени. Но најважно е дека самото човеково општество ми станува единечен „механизам“.
Поинаку кажано, денешниот свет е изразен како една душа, еден сад, и јас не сакам да го препознаам тоа единство. Гледам, дека не по своја волја влегувам во светот, дека реалноста буквално ме турка внатре, иако ова е против моите желби. Сакам да останам егоист, но ми се открива реалноста на единечната душа. Затоа, сликата на скршен свет се гледа само во „криво огледало“ во несовршената човечка свест.
Колку побргу го сфатиме ова и ја поправиме нашата перцепција, толку побргу ќе постигнеме успех.
Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 28/05/12, „600 илјади души“