Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Помеѓу два домени

Одговор: Само наведнувајќи ја главата. Во секого гори егоизмот, и затоа моето прво дејство – е преклонување пред учителот, обуката, групата. Пред сè, јас воопшто не сум најумниот меѓу пријателите – напротив, јас сакам тие да го одредат мојот животен пат. Бидејќи ако го одредувам јас самиот, тогаш точно ќе ги исполнувам наредбите на егоизмот. И тогаш јас веќе не сум во групата. Слегувајќи од нејзиниот „воз“, јас веднаш се  најдувам во власта на самољубието. Всушност,

постојат два „домени“:

- групата, во која учителот, пријателите, примарните извори и Создателот прават една целина;

- јас и светот што ме опкружува.

Прашање: Јас можам надворешно да ја „наведнам главата“. Но како да се преклонам внатрешно? Што да правам со своите мисли и чувства? Дали човекот може да ги потчини на групата?

Одговор: Има две „страни на вагата“: од една страна групата, која ја привлекува врз себе опкружувачката Светлина (ор макиф- О“М), а од друга страна, егоизмот и надворешниот свет. Што е за мене поважно? Се разбира, дека јас не можам да ја гарантирам својата утрешнина, меѓутоа, ако ги искористам сите можности што ми се дадени, тогаш ќе можам да ја поместам вагата надесно. Никако поинаку.

Прашање: Ако гледам, дека мојата група не е доволно соодветна на духот на Бнеи Барух, како да се преклонам пред пријателите?

Одговор: Труди се да ја „наведнуш пред нив главата“ во сè, освен во она, што мора да им го додадеш.

Родителите не се преклонуваат пред децата заради тоа што почнуваат да се придржуваат на нивното мислење. Нивното преклонување – е исто грижа.  Мајката го опслужува малото дете во тоа што му е потребно, а не во тоа што тоа го сака. Тоа може да вика: „Дај ми!“ – но таа нема да даде, и тоа ќе биде верно служење од нејзина страна.

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина“, 11.12.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica