28.09.2010 -
Суштеството во целина се нарекува "Вавилон". Тоа е создадено од желбата, која го поминала развитокот во четирите фази на Светлината, слегувањето во световите, раѓањето и разбивањето на структурата Адам - на крај, желбите за примање и давање се измешале така, што во секоја постојат делови од сите останати. Потоа на оваа разбиена состојба се пролева Светлината – и разбиените делови почнуваат да се пробудуваат од неживата желба кон растителната, животинската и човечката.
Но напоредно со понатамошниот развиток на егоизмот во луѓето, во едниот од луѓето, Адам, пред 5770 години, се создаде желбата за давање. Од тоа започнал процесот на поправување. Затоа од него почнува броењето на времето. Така се менуваат 20 поколенија во подготовка за заедничкото поправување. Првото пројавување на целосното разбивање се нарекува "Вавилон". Почнувајки од него, веќе многу илјадници луѓе оделе по патот на Адам во откривањето на Создателот, и затоа тие се нарекувале "човек" – поинаку "син на Адам" (бен Адам).
Светлината продолжува да се излева врз разбиените желби, и нејзиното влијание предизвикува во нив пројавување исто така и на разбиените желби за давање – предизвикува неспокој. Човекот инстинктивно започнува потрага, посакувајќи да ја наполни својата желба, тој сака да ја открие вистинската состојба, да ја пронајде причината на раскинот помеѓу особините на примање и давање. Токму тоа го доведува него до откривање на Создателот.