Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Постои ли живот без екран?

15.11.2010 -

Со помош на Опкружувачките Светлини (ор макиф) и кружните келим (келим де-игулим) ние се движиме напред и се преместуваме во духовниот простор од состојба до состојба. Кружните келим, желбите, садовите – се одликуваат по тоа, дека немаат екран (масах) и не извршуваат ударно влијание (зивуг де- акаа) во степенот на сличноста со Светлината. Само екранот му ја дава на садот таа сличност, таа врска, благодарение на која, самото кли ја одредува насоката на движењето.

Меѓутоа, кружното кли се уште нема екран, кој би ги редел неговите желби во линија, одозгора надолу, во мера на нивната соодветност со особината на давање. Но сепак, садовите без екран исто така живеат, се движат и се менуваат – под влијанието на Опкружувачките Светлини. Навистина, како би можеле ние да се придвижуваме од нашиот свет, преку цел подготвителен период во насока кон махсомот и влезот во духовната реалност, кога на нас не би влијаеле Опкружувачките Светлини?

Какви средства ние би користеле? Затоа што ние немаме екран. Излегува, дека ние би биле препуштени на тековите и случајноста? Меѓутоа, ако келим сепак тежнеат кон екранот, ако во нив се пробудува точката во срцето и го дава првичниот стимул за исправање, за вистината, тогаш тие потпаѓаат под влијание на Опкружувачките Светлини. Тие Светлини делуваат соодветно со напорите на кли, со неговата желба и барањето, колку и да е тоа "неразумно".

Исто, како децата, кои сé уште не знаат точно како да се движат напред, не ја разбираат смислата на своите дејства , но сепак растат и се развиваат. И сé – благодарение на Опкружувачките Светлини.

Мене ме доведоа во група, и јас го правам тоа што е добро во очите на моите пријатели. Немајќи разбирање и сили, јас се уште точно не разбирам што се случува, но чувствувам, дека за мене тоа е важно. Додека човекот не влезе во духовниот свет, тој не знае, дали е жив или е мртов, не разбира, со што и како живее. Ние апсолутно не се разбираме во реалната положба на работите, сé додека не го откриеме Создателот барем во минимална мера.

И затоа нас нé водат Опкружувачките Светлини. Ние ги привлекуваме, и сакаме тие да делуваат врз нас. Во мрак, без екран, без намера поради давање, во егоистичка намера ло-лишма, која неизбежно произлегува од разбивањето, ние сепак тежнееме кон лишма, кон давањето.

Нека се плашиме, нека не сакаме, - но веќе не сме рамнодушни во однос на тоа. И затоа, во таква ситуација, врз нас делуваат Светлини, кои припаѓаат не на линијата, туку на кругот – на опкружувањето од пријатели, во кое ние работиме.

Од утринската лекцијата според статијата “Беит Шаат хаКаванот“ /15/11/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica