Секој човек во овој свет мора да го открие Создателот во своите чувствувања – без секакви сомнежи, дека Го чувствува Него и Го разбира. Разбирањето – е најдлабоко и највисоко скалило на нашето воспримање. Сите мои сетилни органи: чувството, разумот, умот и срцето – треба да се исполнети со безусловно духовно откривање. Не треба да останат никакви сомнежи, противречности, поранешни прашања и разјаснувања, и јас доаѓам до целосно и конечно наполнување и разбирање, од кое нема ништо повеќе. Целата желба за насладување, создадена од Создателот, конечно се развила и целосно се наполнила.
Ако човекот нема потреба за такво откривање, тој може да продолжи да го живее обичниот живот. Јас од сé срце му посакувам успех. Но ако тоа не му е доволно, ако сака да знае зошто живее, во што е смислата – тогаш тој мора да го открие коренот, изворот на животот, а за тоа е потребна науката кабала. Ако сите овие прашања тој не може да ги задоволи со религијата, со "духовните" вежби, со различни хоби, со наркотици – тој останува празен и има потреба за откривање на смислата на животот.
Во природата постојат многу појави, за чие откривање ми се потребни дополнителни инструменти: телескопи, микроскопи. Но постои и такво нешто, кое не можам да го откријам, затоа што природата е многу посложена од мене. Не само затоа што делува во многу поширок дијапазон, каде можат да помогнат некакви локатори. Во природата има такви појави, за кои јас никогаш не би можел ниту да помислам, затоа што сум изграден во согласност со три оски – таква е внатрешната градба на мојот мозок.
Но во мене се разбудува точка која вели дека не е доволно тоа што го знам! И јас согледувам, дека не можам да се задоволам со помош на обичната наука. Таа точка е од друга димензија. Таму не постојат трите координатни оски, - времето, движењето, местоположбата – тоа нешто апсолутно поинакво. Тоа не е само простор со неколку дополнителни координатни оски, стеснет или проширен – тоа е сосема друга реалност, без никаква поврзаност со постоечката тука. И ако јас можам да ја истражувам оваа Виша реалност – зарем не сум научник? Сигурно дека сум, и тоа каков!
Од утринската лекција според статијата “Тело и Душа“ /28/11/2010