Прашање: Каква ја гледате 2013-та година во однос на светската група и целото човештво?
Одговор: 2013-та година ми изгледа како прекрасна година.
Сите медиуми сега го фокусираат нашето внимание на тоа, дека годината нема да биде лесна: недоволна жетва, генерален пораст на цените, генерални отпуштања, климатски проблеми, и тоа големи и нови, и т.н. Односно природата и општеството непријатно ќе нè изненадат. Ова се однесува на целото човештво. Што се однесува на нашето напредување, сметам дека тоа ќе биде прекрасна година. Сигурно не заради тие страдања, туку благодарение на нашите обиди тие да се намалат во човештвото, и да му покажеме како правилно да ги искористат – да се поткренат над нив. Односно, постои сила, која може да биде негативна, но може да биде и позитивна.
Ако ја гледаш директно, што се вика в чело, тогаш таа сила е негативна. Таа те одбива, те притиска, создава проблеми со временските услови, жетвата, парите, работата, војната, со сè и сешто. Ако пак не ја гледаш од егоистичко ниво, туку се креваш на нивото од кое таа слегува – на нивото на Создателот – тогаш сè е во ред. Тој таму те пречекува и вели: „Конечно! Јас намерно праќав толку удари врз тебе, за на крајот на краиштата да се искачиш кај мене, но не ти се брзало. Меѓутоа, конечно се искачи!”. Затоа треба да се сфати, зошто ни се даваат сите таканаречени страдања. Токму „таканаречени”, бидејќи ние директно ги гледаме, а тие не смеат да се перцепираат фронтално. Значи, 2013-та година за оние што ќе се искачуваат ќе биде година на духовен напредок. За тие што нема да се искачуваат, ќе биде година на физичко, морално и материјално назадување.
Да се откажеме од застарените парадигми
Прашање: Нашиот пријател, кој бил во Њујорк за време на ураганот, раскажува, дека во њујоршката група никогаш порано немало таква атмосфера, како во тоа тешко време, толку сите тие се фокусирани на учењето и блиските односи.
Одговор: Треба да Му заблагодарат на Создателот за ураганот! Прашањето е, дали тоа ни е потребно? На умен човек доволно му е мало боцкање и тој вели: „Подготвен сум, ќе бидам добар”. Додека на тврдоглавите потребни им се сериозни удари, - токму тоа се нарекува: „Го оптоварив срцето на фараонот”. Сè зависи од човекот. Се надевам, дека со помош на нашиот метод за поврзување, односите со јавноста на интернет и со сè што достигнавме, ние денес можеме брзо да им објасниме на луѓето и себеси дека сите овие удари едноставно исчезнуваат, ако гледаш на нив, како на средство за воздигнување.
Баал ХаСулам во едно од своите писма пишува, дека сето ова само ти се причинува. Само погледни на тоа бочно, од страна, како на причина, која те натерала да се обратиш кон Создателот, и тоа веднаш ќе исчезне. Ќе му се обратиш Нему – готово, нема проблеми. Треба да сфатиме, дека во нашиот свет, во тоа што го гледаме, нема ништо навистина реално постоечко. Сето тоа само се гледа, се црта во нашите сетилни органи. Веднаш откако наново ги форматираме кон Создателот, сето тоа исчезнува. Затоа ајде да дејствуваме поразумно, да се откажеме од нашите претходни парадигми – тие се надживеани.
Ние и светот во сегашната фаза
Прашање: Пријателите во целата светска група реално чувствуваат, дека ако барем некое одредено време го совладуваш егоизмот и се соединуваш, кај тебе се создава важност на целта, воодушевување, чувство на единство, оптимизам, верба во иднината. Што не може да се каже за целото човештво. Како да се искомбинира ова, и тоа дека ние мораме да му покажеме на човештвото љубов, чувство на внатрешна хармонија и напредување? Ми се чини, дека кај нас постојано постои некој конфликт.
Одговор: Ајде да го поделиме тоа на следниот начин.
90% од напорите треба да ги насочуваме кон нас – за учење, комуницирање, меѓусебно зближување. Тоа е најважно, бидејќи сега е во тек таа фаза. Потоа таа може да се промени. Но денес најважно е генерално меѓусебно зближување во една целосна група, чувство на единство, објавување на кабалистичка литература за нас, нејзин превод на сите јазици и дисеминација на тоа што се однесува на кабалистичката група, нејзиниот живот, нејзиниот метод. Работа за себе, работа за зближување, работа за наш подем.
10% од нашите напори мора да оди за дисеминација на сите други луѓе, кои не ги интересира кабалата, но на кои едноставно им е лошо во животот. За нив се доволни 10% од нашите напори, за да се рашири методот на интегралното образование, воспитување и сè друго. Намерно акцентот го ставам на соединувањето меѓу нас како најважна работа денес, и ја потенцирам подреденоста на ширењето на методот на интегрално воспитување и образование. Бидејќи тоа нема да го поправи светот, туку само ќе му помогне побрзо да нè разбере. Ние го поправаме светот со своето соединување. Кога ние се соединуваме помеѓу себе, создаваме во нашиот свет присуство на духовна сила – силата на соединување, силата на меѓусебно привлекување, поврзаност и љубов. И тогаш целиот свет околу нас почнува автоматски да тежнее кон нас. Тој потсвесно чувствува, дека имаме нешто, што му недостасува. Тоа се случува бидејќи сите ние заедно престојуваме во едно заедничко поле. Затоа тие 10% од дисеминацијата со која сме ангажирани, се наменети за некако да им се олесни животот, и да им се сврти вниманието кон нас.
Но теоретски, доволно е нашето соединување без каква било надворешна дисеминација. Ако ние само ја учиме кабалата, само меѓусебно се поврзуваме, само ги примаме оние што имаат желба за учење на кабалата, дури и без ширењето на интегралното воспитување и образование, сеедно тоа ќе биде доволно. Човештвото потсвесно ќе почувствува: „Има нешто кај овие луѓе. Тие имаат живот, надеж, сила, инспирација, радост, среќа. А ние немаме ништо. Од каде тие тоа го имаат?” Затоа луѓето ќе ни обрнуваат внимание и ќе ни се приближуваат, и тогаш ќе можат да го сфатат нашиот метод. Всушност ние развиваме метод на интегрално воспитување и образование за да им го сервираме ова подоцна, кога ќе го свртиме нивното внимание кон нас, иако денес тоа е огромна работа со многу мали перформанси, мала корист. Затоа секогаш треба да се гледа, на што го трошиме времето. Ако тоа ни е потребно за нашата работа, тогаш да ја извршуваме нашата работа. Ако ни останува вишок на време, средства, напори, тогаш да правиме надворешна дисеминација.
Од утринската лекција, 25.11.2012, на Каб.Тв
Да се погрижиме за духовната потреба
Прашање: Како да се задржиме себеси во состојба на постојана потреба за духовно исполнување?
Одговор: Тоа е проблем што доаѓа и си оди, доаѓа и си оди, и така постојано и наизменично. Што да се прави: тоа зависи од пријателите. Ако тие ми ја промовираат големината на целта, величието на Создателот, величието на групата, своето величие, ако наеднаш гледам колку тие напредуваат, а јас не, и јас почнувам да се поттикнувам себеси со помош на гордоста, зависта и т.н., тогаш кај мене се појавуваат нови келим/садови, нови празнини. Односно, многу е важно да се биде љубоморен: „А зошто јас не?” Тоа е важно за напредувањето. Тоа го движи човекот. Затоа групата треба на некој начин да го иритира секој човек. Таа треба на некој начин да флертува со него, цело време возбудувајќи кај него стремеж за движење напред. Тој мора да гледа во своите пријатели луѓе што одат напред. „Тие се напред, тие се повеќе наклонети еден кон друг, наоѓаат заеднички јазик, повеќе се спонтани еден со друг, - гледај како тие веќе се зближуваат. Меѓу нив почнува да се создава духовна супстанција, додека јас сум некаде на страна, не можам како нив”. Такви состојби кај човекот се многу корисни.