01.04.2011 - Денес ги имаме сите можности духовно да напредуваме и да ја распространуваме мудроста Кабала по целиот свет. Обединувајќи се во нашата светска група, поврзувајќи се со нашите духовни искри, „точките во срцето," ние делуваме како претставници на горниот, духовен систем во нашиот свет.
Покрај тоа, заедно ја пуштаме во оптек мудроста на Кабалата. Не ни треба ништо друго. Сега сме на врвот на пирамидата на развојот на човештвото.
Во онаа мера во која ќе се обединиме, толку тоа ќе има влијание врз сиот свет. Мораме и да го доближиме сиот свет до нас. Сепак, не треба да мислиме дека цел свет мора да ја изучува кабалата или дека судбина на сите луѓе е да разберат што таа е.
Воопшто не! Тоа е како со човечкото тело, од кое 99% е составено од материја со која управува мозокот. Во меѓувреме, мозокот е луѓето кои тежнеат кон духовноста. Остатокот ќе ја прифати оваа структура на светот; оваа свест ќе оди кај нив, и тие ќе ни се доближат нам.
Но, слично како што во денешниот свет повеќето луѓе живеат обичен живот и не чувствуваат потреба за големи достигнувања, така и во иднина остатокот од луѓето ќе учествува во духовниот процес пасивно.