Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Прикривање заради разоткривање/

Прашање: Светот е толку голем, а ние сме толку малку. На прв поглед ние немаме шанса да допреме до него. Додека од друга страна, речено е, дека спасението доаѓа од Создателот за миг.

Одговор: Ние не се потпираме на Создателот, седејќи со скрстени раце. Човекот треба да се раководи според тоа што го гледа. „Создателот” (Боре) -  е особина која се открива во нас согласно со подготовката на нашите садови – желби. Јас ги обликувам за себе според принципот „дојди и види” (бо-ре). Надвор од мене нема никаква потпора, и јас можам да се потпрам само на силите, кои ги пробудувам во мене, во моето опкружување. Ако јас не ги пробудувам во правилна форма и во правилно време, тогаш тие се откриваат негативно. Но така или онака, сето тоа – е во нас. Надвор нема ништо. Ако ние се придржуваме до редот и распоредот во својот развој, тогаш го откриваме Создателот. Ако пак заостануваме, доцниме, тоа заостанување го скрива Него од нас. Со други зборови, го скрива од нас поправениот систем, во кој се пројавуваат заемните сили на давање. Токму тоа е духовен свет. Друг Создател едноставно не постои. Во спротивен случај ти си создаваш идол, „надворешен” лик.

Што се однесува на нашите можности: едни се силни по количината, другите – по квалитет. И затоа ние не стравуваме поради нашата малобројност. Најважно е, да се донесе веста до луѓето, за тие да ја слушнат. За тоа имаш интернет кој ги брише границите. Кога веќе се создала таа светска Мрежа, тогаш се создала за нас. Со нејзиното правилно користење ние ќе стигнеме до сите, и луѓето ќе го примат нашето послание. Бидејќи всушност, тоа се мали желби, беспомошни како деца, и ние треба да се грижиме за нив.

Прашање: Каква треба да биде правилната дисеминација?

Одговор: Тоа ние мораме постојано да си го појаснуваме. Раби Аба разоткривал потајно – ние, пак, напротив, мораме да се прикриваме себеси во откривањето. Наместо откривање во притајување - притајување заради откривање. Треба да се учиме на такво обраќање кон луѓето...

Од дневната лекција според статијата „Трубење на рогот на Месијата“     на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica