Што значи "да се раствориш меѓу народите на светот"? Твоите егоистички желби го раскинуваат на делови твојот стремеж кон духовното и се врежуваат внатре во желбата Изра – ел во тебе. Сите тие – се твоите лични желби: Г'Е (желба за давање) и АХА'П (желба за примање), измешани така, што не е можно да се одделат една од друга.
Давачката желба (Израел) се натопува со егоистичките намери (народи на светот), и се учи да дава поради себе, сопствениот интерес – и успева во тоа повеќе од другите народи! Бидејки целиот разум, чувство, извонредните особини Г'Е, дадена на Израел за достигнување на духовниот свет, се користат од нивна страна за егоистички успеси во овој свет!
И тие луѓе (евреи) уште се гордеат со своите достигнувања во материјалниот свет – но тука нема со што да се гордееш – бидејки нам ни е даден минимален дел од духовните можности, една мала искра, за да со нејзина помош се кренеме во духовниот свет. Но, ние ја вложуваме неа во ништожни придобивки на овој свет – се добива двојна ништожност, "спротивен успех" – ние го влечеме целиот свет кон бесмислен развиток, додека не им се открие на сите, дека светот навлезе во ќорсокак.
И кој го сторил тоа? – Истите тие искри на давањето, Г'Е, примени уште од Вавилон и искористени заради примање – а не за нашата намена, за тоа, да се кренат АХА'П, примачките желби (народи на светот) нагоре.
Од утринската лекција според статијата “Прогонство и покајание “ /02.11.2010