Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Промени кои водат до еднаквост

alt - 21.05.2012 Прашање: Што е центар на групата?

Одговор: Центарот на групата е центар на нашата реалност, највисоката духовна точка. Реалноста не постои сама по себе, но постои во однос на личноста која ја постигнува. Реалноста може да се постигне само во центарот на групата каде го поништувам моето его и еднакво се поврзувам со другите за да се стабилизира во мене. Во исто време, намерно ја менувам врската меѓу нас и се потчинувам пред моите пријатели со тоа што ги гледам како најдобрите во генерацијата, а во друго време се издигам над нив со цел да дарувам нешто од себе. Најпосле, гледајќи ја групата еднаш одозгора, еднаш одоздола, пронаоѓам еднаков однос кон неа. Оваа еднаквост не постои на почетокот; таа е резултат на мојот напор.

Од една страна, копнеам колку што можам да бидам над пријателите за да можам да им помогнам, но од друга страна, се поставувам под нив со цел да живеам и да бидам оној кој прима преку нив. Преку овие два столба, наеднаш откривам што значи да бидеш еднаков, иако претходно не сум целел кон тоа и не сум ја гледал оваа точка. Се гледам себеси во Ејн Соф (Бесконечност) повисоко од сите други (+∞), и во исто време во Ејн Соф пониско од пријателите (–∞). Одеднаш го наоѓам центарот на групата каде што сите се еднакви и откривам дека навистина постои. Мојот телесен живот го оставам назад и останува само посветеноста, заедничката гаранција, поврзувањето со сите.

Чувствувам дека повеќе ја повикувам Светлината која поправа, опкружувачката Светлина, која го исполнува целиот „простор“ на моите атрибути. Откривајќи повеќе моќи, поголема поддршка, поголема грижа од надвор, чувствувам дека се стабилизирам и дека ова е центарот на групата. Во центарот на групата навистина ја откривам групата, пријателите и без разлика што тие ќе откријат, во мојата реалност сé е сосема прецизно. Така е затоа што светот на Ејн Соф веќе постои и симнувањето во овој свет значело само градење на скалилата од скалата на духовното откривање, препознавањето, сфаќањето и чувствувањето во нас.

Кога овие скалила се појавуваат во човекот, тој почнува да се качува по нив, не зависи од никој: Сите се во Гмар Тикун (крајот на поправањето). Јас сум пред местото каде што постои Светлината на Ејн Соф и сé зависи од мене, сета реалност е во мене, и таму ја откривам вистината. Но оваа вистина зависи од моето залагање, мојата верност кон групата, кон учителот и кон изворите, и треба да ја откријам во пракса.

Нема ништо друго освен центарот на групата. Откривам дека мора да стане центар на целиот свет, местото каде што се составуваат сите души, сите неправилности и сите поправки. Ова е Малхут на Ејн Соф со сé што ќе се собере и вклучи во неа. Со други зборови, кога човекот ќе се посвети на Малхут од Ејн Соф, Божественоста, сакајќи да биде нераскинлив дел од неа, тој самиот станува Малхут од Ејн Соф, и на тој начин ја поврзува со првите девет Сефирот, што значи со сите светови до Ејн Соф, и така напредуваме.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 22/05/12, „Разговор за работилницата“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica