Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Работа за милата душа

Прашање: За да се поправам себеси, јас треба да работам во групата со пријателите. Зошто тогаш во светот живеат милијарди луѓе, кои јас никогаш нема да ги запознаам?

Одговор: Сите тие припаѓаат на „телото” на твојата душа, и ти ќе го запознаеш секој од нив. Сега, на пример, ти не ги чувствуваш органите на твоето тело, бидејќи тие не ти пречат. Организмот функционира нормално, и ти не ја чувствуваш работата на црниот дроб, срцето, белите дробови, бубрезите и т.н. Но кога доаѓа болеста, доаѓа и чувството. Ние сè уште не сме ги доживеале фазите на болеста, после кои следува исцелувањето, кога излечените делови повторно се влеваат во заедничката работа, причинувајќи ни задоволство. Меѓутоа, токму во тоа се состои конечната поправка – да се премине од несвесноста кон свесноста, да се види нејзиниот негатив, потоа да се најде правилната позитивна форма, и да таа да се реализира. Тогаш ќе живееш во јасно дефиниран сад-желба, полн со животна Светлина, ќе го чувствуваш, ќе работиш со него. И напротив, денес ти не го чувствуваш дури ни овој свет, а да не говориме за духовните светови и Бесконечноста. Затоа што сè зависи од воспримањето на садот. Ние сè уште не сме го пројавиле, не сме го откриле, и затоа понекогаш дури претпочитаме да доживуваме помалку чувства...

Прашање: Но сепак, зарем кабалистот секоја секунда ги чувствува сите луѓе, илјадници раѓања и умирања?

Одговор: Не, тој не ги чувствува телата, туку заедничкиот сад и Создателот, кој царува во него, го покрива, се открива во одделни негови делови, а во некои – сè уште не. Секој пат, кога Тој го засилува Своето светење, ние чувствуваме повеќе несреќи, и тоа нè поттикнува кон напредување. Притоа, тоа светење различно делува на сите делови, и соодветно на тоа, едните се движат побргу, другите побавно, едните вака, другите онака.

Прашање: Што претставува „целосно” чувство? Затоа што и сега јас во целост го чувствувам своето тело.

Одговор: Не, не го чувствуваш. Ако тоа е здраво, ти него не го чувствуваш. Тоа е подготвено да ти служи, и не предизвикува никакви потешкотии. Ако си се изморил, или си се разболел, ако имаш болка – тоа ти го забележуваш. А сè дотогаш, ти си само подготвен за дејство. Така излегува, дека кога твојот сад е поправен, ти не го чувствуваш, или дури не го ни осознаваш. И затоа, за да се насладуваш со здравјето, прво треба нешто да преболиш. Тогаш, по оздравувањето, ти ќе ја почувствуваш целата убавина на поправената состојба. Здравиот млад човек не го цени своето здравје, не го чувствува, бидејќи сè уште не ја почувствувал спротивноста. Но стареејќи, ние почнуваме да ги цениме годините, кога сме живееле без да се грижиме за нашите физички способности. Порано трчењето од неколку километри ми причинуваше задоволство, додека денес јас се принудувам да го поминам истото растојание. Токму тогаш почнуваш да ја цениш нормалната состојба. Страдањата во текот на патот се неопходни. Прашањето е само: заради што ние страдаме, и дали е насочено нашето страдање? Дали страдањето ја надоместува целта?

На пример, ти сакаш да вежбаш на спортските справи, и дневно „превртуваш” тони метал. Оди тогаш поработи, пренеси ја истата тежина како носач! Не, тоа веќе не е исто, дури ни за пари. Напротив, парите ќе го расипат целото задоволство. Но во салата за вежбање самиот плаќаш за можноста да се „испотиш”. Излегува, дека една иста работа може да ти причинува задоволство или страдање. Твојот однос одлучува за сè. Играјќи, ние наидуваме на тешки задачи и се насладуваме со нив. Но преправи ја играта во работа – и насладувањето ќе се изгуби. Рабаш наведува како пример мало девојче, кое грижливо се однесува кон својата кукла, но не е подготвено да се грижи за вистинско бебе. За девојчето насладувањата сè уште не се „преслекле” во нешто вистинско.

Прашање: Да претпоставиме, јас ќе работам по 8-10 часа дневно за луѓето, кои многу ги ценам. Тоа ќе ми причинува задоволство?

Одговор: Да. Бидејќи тогаш ти не чувствуваш недостаток на сила, замор, тежината на обврските. Едноставно го правиш тоа од задоволство. Уште еден пример на Рабаш на истата тема – англиската кралица, која сама сака да го храни своето дете, иако има илјада слуги. Се разбира, бидејќи тоа е пријатно за неа. За тоа таа не би земала никаква надокнада, затоа што надокнадата само го поништува насладувањето.

Прашање: Токму тоа претставува духовно? Или тука се крие уште нешто?

Одговор: Јас би сакал кај мене да постои желба да „нахранам” некого. И јас работам индиректно - преку групата, преку дисеминација, преку учење и сл. Значи работам за да ја добијам таа желба. Се надевам, дека благодарение на моите дејства ќе дојде Светлината и ќе ми даде сфаќање на важноста на ближниот. Групата ја возвишува важноста на ближниот, над мојата сопствена важност. Тогаш јас започнувам со работа и полека почнувам да се проникнувам со важноста на давањето. Во нашиот свет тој процес изгледа нерационално. Никој не може однапред да пресмета дека сè токму така ќе се случи. Затоа што тука во работа се вклучуваат духовните фактори: јас мора да одржувам врска со учителот, преку кој Светлината доаѓа во групата. И зависно од степенот на мојата поврзаност со групата, добивам Светлина. Таква е шемата на случувањата: учителот ѝ дава Светлина на групата, или на опкружувањето, а јас ја добивам Светлината зависно од степенот на мојата способност да се поврзам со пријателите. Токму со тоа јас ја формирам својата молба за поправка (МАН), својот стремеж, својата желба, својата потреба. Ако не сум се соединил со пријателите, тогаш кај мене ја нема желбата, и јас не добивам Светлина од нив.

Затоа, приклучувајќи се, јас не само што создавам некоја „одводна цевка” за Светлината (Х-Х-Х) – не, јас се наоѓам во групата, внатре, и таму ја добивам Светлината. Така функционира духовниот механизам. Тој балансира со соодносот на мојата важност и важноста на групата, на давањето и примањето. И сето тоа е благодарение на малата Светлина, која постојано влијае врз мене и ја формира во мене желбата. Сè се мери преку споредбата – кој е поважен: јас или групата? На таков начин, ако јас имам учител, поврзан со духовното, и група, која тој ја гради и во која има Светлина, која враќа кон Изворот, тогаш сè е во ред. Што се однесува на останатите милијарди луѓе, тие стојат зад групата како нејзини АХАП и се нарекуваат „народи на светот”. Зошто јас се приклучувам кон групата? За да му причинам задоволство на Создателот. Во што е Неговото задоволство? Токму во тие седум милијарди.

Суштината на читањето на Зохар

Прашање: Дали е точно дека ако ги гледаме буквите во книгата Зохар, напишана на арамејски јазик, тогаш без оглед на фактот, што не го разбираме јазикот, тоа автоматски нè соединува со Вишата Светлина?

Одговор: Ништо не се случува автоматски. Тоа може да се спореди со бебето, кое се раѓа и живее во овој свет. Тоа расте затоа што за него се грижат, бидејќи тоа се поништува себеси пред возрасните. Тоа во него е втемелено од природата. Со тоа бебето им дозволува на родителите да се грижат за него. Тие се грижат за него, и тоа расте. Ако човекот се поништува себеси за време на учењето, за време на читањето на книгата Зохар, не сфаќајќи и не чувствувајќи, но сакајќи да се изложи на влијанието на Светлините, пријателите, големата група, која тоа го работи, - тогаш тој се наоѓа под нивно влијание и грижа. Но тој мора да престојува во таква намера. Дури ако тој заборава на тоа, во секој случај треба да чувствува некоја вмешаност.

Прашање: Како истовремено да се следи текстот за време на читањето на книгата Зохар, и да се задржи намерата?

Одговор: Главното е намерата, од тоа колку човекот може да го усогласи со правилната намера. Постепено тој ќе почне да ја гледа вистинската смисла во тие зборови: „дете”, „мудреци” или сефирот, Малхут, Бина. Тој ќе го види тоа под влијанието на Светлината, која враќа кон Изворот, која делува многу бавно, постепено, секој пат по капка. Во човекот ќе почнат да се откриваат секакви претчувства, тој ќе почувствува поврзаност со тоа што го чита.

Прашање: Каков треба да биде нашиот пристап при читањето на книгата Зохар, или што треба да се смени во тој пристап, за Светлината да повлијае врз нас и да нè промени?

Одговор: Ние треба да се соединиме. Човекот реба да се почувствува себеси внатре во сплотената група, како во борбена екипа, како во единствена целина, собрана од посебни делови, тој треба да го почувствува тоа на природен начин. Поинаку неговите намери се веќе неправилни. Тогаш од чувствувањето на реалноста, која целосно се соединува во него, тој сака заедно со неа да му припаѓа на Создателот, да се соедини, да се спои со Него. Тој разбира, дека тоа се случува заради неговата внатрешна промена, и го очекува тоа.

Инсерти од утринската лекција по кабала, 24.03.2013 на Каб.ТВ

Превземено од Блогот на М. Лајтман на руски јазик, од 24.02.2013 год.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica