Одговор: Ова е метод за надминување на кризата. Ова е закон на природата кој е потврден од модерните учења. Ни покажуваат слика од трансформацијата на опшетството во одредена состојба. Заради ова, потребно е да бидеме чекор пред овој развој и да се подготвиме за промените за кои се претпоставува дека ќе ги надминеме преку патот на страдање, што значи дека ќе бидеме турнати кон среќата со стап. И ова го правиме со свесно напредување и затоа, напротив, во ова гледаме добро и прекрасно искачување.
Прашање: Кога може да преминеме од едукативната фаза во воспитувачка фаза?
Одговор: Може да се премине во воспитувачкиот процес само кога луѓето кои одат на курсеви за интегрално образование ќе сфатат дека кризата е неизбежна и постојана. Ќе нè доведе до општо пропаѓање и банкрот. Ова значи дека единственото решение за кризата е реорганизирање на поединечното и општеството. Кога луѓето ќе завршат со учење на оваа тема и воглавно ќе сфатат, ќе се согласат и ќе се инспирираат од тоа, тогаш може да преминеме на воспитување.