Секоја духовна појава во нас бара прогрес и свој развиток, бидејки нашиот егоизам цело време расте и по количина и по карактерот. Затоа ни е потребно да размислуваме и говориме за таа празнина, која ние сме ја почувствувале после поминатиот мегаконгрес. Најважно е да се сфати – за што тоа ни било дадено! А не да се седи и да се јадеме себеси дека ни е лошо поради чувствувањето на празнината, и нема сили и желби.
Тоа не е случајна состојба – тоа е за нас откривање на нов празен простор, внатре во кој нам ни е потребно да ја изградиме особината на Бина. Таа нова особина, која се разоткрива во нас, се раѓа како нов стадиум во четирите стадиуми на директната светлина. Духовното давање, кое постоело меѓу нас сега се повлекло и ни се открила нова состојба. И нам ни е потребно да разјасниме: каков е тој празен простор кој се роди внатре во нас?
Треба да се погрижиме тој да не се изгуби – да се сочува и да се почне со него да се работи! Не постои друга можност да се достигне давањето, освен врз основа на новородената празна желба. Тоа се отвора во нас, меѓу нас, празно место, каде што се скрива Создателот ( под Ц''А). Сега ние можеме да го наполниме тоа место со својот однос поради давање ( хасадим, особината на Бина) – и тогаш ние ќе го откриеме Него таму! Ако ние го исполниме тој празен простор со светлината Хасадим, тогаш Создателот ќе се пројави во него, како на фотографија, спуштена во сад со развивач. Бидејки Тој се наоѓа таму, во тој простор – нам ни е само потребно Него да го откриеме.
Ако ние заедно се обидуваме да Го почувствуваме, тогаш постепено ќе Го откриеме. А поединечно така не може ништо да се стори. Создателот не се открива индивидуално – само во взаемните напори. Ние заеднички го откривме тој празен простор, и тој ни припаѓа на сите нам, иако секому му се чини дека тој лично го доживува тоа чувство. Но тоа се родило од заедничкото дејство. Сега треба заеднички на него да се работи.
Токму тоа се нарекува "Практична кабала". Тие бранови, кои поминуваат преку сите нас истовремено – се знак на големо духовно напредување. Тоа значи дека светското кли веќе постои, како единствено тело, кое извршува заеднички дејства, и во него се откриваат празни простори, каде ќе се открие заедничката душа. Тоа е сосема блиску!
Од утринската лекција 17/08/2010