Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разликата меѓу Светлината и темнината

Има многу „бранови на желби во нас. Од каде пристигнува подделбата на многу делови, нивоа, страни, облици? Факт е дека Светлината, која што е чисто давање, влегува во желба, чија природа е примање. Светлината и темнината биле поврзани заедно низ спротини особини за време на ширењето. Резултирајќи од таму, сета Светлина е вклучена во сите поединечни желби и безбројни комбинации. Од нив произлегуваат разликата и аспектите во разбирањето на воспримањето и анализата, широкиот спектар на боите, звуците, вкусовите, и мирисите. Сè пристигнува од различните комбинации, обликувани низ конјугацијата на Светлината и желбите. Токму поради ова мноштво, ние го откриваме Создателот. Ние инаку би се чувствувале себеси на дното на степенот на Малхут во светот на Бесконечноста. Овие различности прават возможно да ги лупиме слоевите еден по еден, да ја разјасниме суштината, и да направиме разлика помеѓу можните комбинации на Светлината и на садовите. Па така, почнуваме да го откриваме Создателот во контраст на суштествата: Ние преминуваме од „постоење од недостаток” кон „постоење од постоењето,” „особина” садот и Светлината, Светлината и темнината. Ова е нашата работа. Така во духовноста, во секој момент ние изведуваме билиони поправки, достигнувајќи ги најмалите детали. Ова е слично на класифицирањето и објаснувањето на материјата во нашата вселена. Порано ова беше невозможна задача, заедничката поврзаност не беше причината што ни овозможува да работиме во сите насоки, истовремено, така што дури и една мала акција произведува билиони на резултати во целиот Малхут.

Денес, оваа слика е сèуште скриена од нас, иако како што продолжуваме, ние ќе ги објасниме и препознаеме повеќе субтилните и подлабоки компоненти. Ова може да биде можно кога започнуваме да правиме разлика помеѓу давањето и примањето во секој дел. Јас сум способен да споредам во духовен облик единствено поправена желба, како една од 613-те желби, на кои е поделен садот. Сè до поправката се соочувам единствено со „егоистичното чудовиште,“ Фараонот, кој што може да е подделен на два дела, во кои ништо не може да биде објаснето. Сè додека Светлината не пристигне, јас не ќе можам да почувствувам никаква желба и да видам како да ги активирам во името на давањето, над моето его. Јас не ќе можам да ги спознаам нејзините посебни особини. Единствената работа што ја чувствувам во Египет се десетте зла...

Од 4-от дел на утринската лекција, 18.04.2013, според „Вовед во Книгата Зохар”, на Каб.Тв

Духовноста има своја сопствена математика

Прашање: Знеме дека не постои „речиси” во духовноста, но во истовреме, духовниот пат е подделен на нивоа, и секој од нив нè носи поблиску до совршеноста. Што се комбинира со постепеното напредување?

Одговор: На секое ниво, на секој духовен степен, секој од нас има своја сопствена мера, спрема редот на остварувањето на Решимот (духовните записи). Најголемиот општ сад бил искршен на парчиња, и секое парче има свои граници, свои „мерки на напор,“ обете во абсолутна вредност и индивидуалност. Всушност, не постои „речиси” во духовноста. Ако на дадено ниво ти поправиш девет дела од десет, тогаш ти сèуште не си успеал да ги поправиш. Единствено откако ќе го поправиш десеттиот дел, ти ќе ја завршиш работата. На ист начин електронот не може да постои одделно од атомот. Атомот е направен од многу честички и сите тие мораат да бидат на правото место. Покасно други поголеми, покомплексни облици се создадени: молекули, клетки, и тела, и секој од нив треба да биде во нивната целосна мера. Дури и најмалите мерки треба да бидат цели, па сè до последната најмала честичка.

Прашање: Од една страна секој треба да биде како еден човек со едно срце, а од друга страна, се вели дека секое лице може да го суди целиот свет или до скалата на мерката или неповолно. Како да го објасниме тоа?

Одговор: Не е можно да се објасни тоа на наше ниво. Не е можно да се доживее тоа со нашите умови. Тоа не се законите на обичната математика, кои  што управуваат тука, по кои еден плус еден прави два. Духовноста има своја математика.

Прашање: Што е „целосна мерка?” Што е критериум за целосност?

Одговор: Целосната мерка е знак за промени на секое ниво, спрема начелото на „јас се заложив себеси и открив.“ Јас го зголемувам заложувањето и одеднаш  „скокам” до нова состојба. Тоа е единствено спрема раекцијата при која сигурно знам дека сум се вложил себеси доволно. Невозможно е да се предвиди. Не постои „бројач,” нема знаци однапред, спрема кои јас ќе можам да го судам мојот успех. Тоа е така бидејќи во давањето работиме „над разумот,”а давањето не може да се измери. Мерките се секогаш во желбата за примање. Во давањето, мерките важат единствено во однос со откровението, па така тоа е секогаш спрема „Јас сум се заложил себеси и открив.” Тоа „сознание” е крајната проверка.

Од 4-от дел на утринската лекција, 18.04.2013, според „Вовед во Книгата Зохар”, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica