Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Растење од внатре и нагоре

alt - 24.05.2012 Прашање: Што претставува лифтот со кој се креваме до центарот на групата?

 Одговор: Се кревам апсорбирајќи ги желбите и стремежите на сите пријатели. Се потчинувам и ги издигам другите со тоа што ги гледам како да се поважни од мене, и благодарение на тоа, од нив добивам моќ. Оваа моќ ме турка и ми овозможува правилно да се залепам за центарот на групата. Прво, ми помага да го замислам овој центар, бидејќи секогаш сум збунет и не го разбирам концептот. Морам да се држам до тоа и постојано да се поправам.

Растеме само врз таа основа, почнувајќи од оваа точка и издигнувајќи се повисоко и повисоко. Растот не претставува само физичко извишување, туку концетрација на внатрешното поврзување која постојано расте.

Затоа, во идните работилници, мора да разјасниме што е желба, чувство и постигнување, како се поврзани и до кој степен, за да можеме да го постигнеме нашиот корен во нив, Создателот. Ова е практична работа која мора да ја извршуваме цел живот и не само во работилниците. Јас сум постојано во работилница со себеси: пред лекцијата, по лекцијата, 24 часа на ден, со цел да ги поврзам „Израел, Тората и Создателот.“ Морам да ги слушам пријателите, не само кога кажуваат одредени зборови, и да слушам што зборуваат нивните срца. Ги добивам сите овие впечатоци преку центарот на групата, преку сите.

Создателот се однесува кон нас како кон поправен систем, но јас тоа не го гледам така. Наместо тоа му судам според моите недостатоци. Ако малку го поправам мојот егоистичен недостаток, ќе се придружам на поправениот концепт на групата, како што ја гледа Создателот. За да го направам тоа нема потреба да чекам посебно време во работилницата: целиот наш живот е работилница наречена внатрешна работа, работата на Создателот!

Од првиот дел на дневната кабала лекција 24/05/12 „Разговор за работилницата“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica