29.08.2011 -
Прашање: Доволно ли е што, читајќи ја книгата Зохар, јас многу сакам да се наоѓам во намерата, но не успевам да почувствувам ништо?
Одговор: Оној кој во учењето додава молитва – добива. Не е важно каква е таа молитва, доколку е јасна: денес повеќе, утре помалку или обратно. И така секој ден. Најважна е намерата – што сакам да постигнам, затоа што средството кое ни е дадено може да биде еликсир на животот, но и смртоносен отров – од една крајност до друга. Сè зависи исклучиво што сакаме да постигнеме со тоа. Дадена ти е Виша Сила. Како се подготвуваш да ја употребиш? Имаш можност да управуваш со реалноста, па повели!
Бидејќи реалноста е сè што се открива во човекот, во неговите желби. Одозгора ми даваат секакви будења – добри и лоши, заплеткани и јасни и на крај од мене се бара да реагирам на нив. Ми се праќаат секакви состојби, како по правило неразбирливи за да посакам да ги променам и ми даваат средство за нивна промена. Што сакаш да добиеш за време на учењето – на тоа мисли!
Сè изгледа едноставно: всушност таму јас можам да влијаам на силата која во мене ја формира целата реалност. Што сакам од таа сила? Сега, читајќи за неа во книгата Зохар, да додадам кон тоа своја желба, за да ја остварам. Управувај со таа сила! Како ќе управуваш со неа, за добро или за лошо, зависи од твоето сфаќање, осознавање. Ако бараш духовни подеми, посакувајќи да се доближиш кон таа сила, да се наоѓаш во давање (а за тоа треба да работиш во група, да работиш на распространувањето, да се подготвиш себеси за таа молитва, барање) тогаш вие со таа сила работите во една насока.
Ако не, тогаш обратно, сите страдања ги привлекуваш кон себе самиот, бидејќи од неа не ги бараш правилните работи. Тогаш таа те учи на спротивниот начин, како да бараш правилно. Всушност, таа ти покажува што бараш. И гледаш дека ти е лошо. И така, еднаш, два пати, според твоето барање. Додека си под влијание на ударот почнуваш да сфаќаш дека во тоа има причина и систем. Почнуваш да осознаваш дека тука има некој механизам и врска помеѓу она што го правиш и бараш и она што го добиваш и дека треба да се прекине таа врска, за да не се повтори пак и пак, кога барам нешто, што мислам дека е добро, а добивам лош резултат. Така и целото човештво се доближува до осознавање на злото.
Доаѓаат удари и луѓето почнуваат да сфаќаат дека, за да се спасат од нив, треба да ја разберат причината, механизмот – зошто доаѓаат, во каква форма, од која причина, можеби и од корист и така натаму. Од спротивност почнуваме да ја осознаваме Вишата Сила. За тоа е кажано, дека Фараонот ќе Го доближи Создателот до нас. Неколку пати тој ни упатува различни удари, ни причинува непријатни состојби, а од нив ние почнуваме да го сознаваме Создателот, затоа што тоа се две спротивни форми на една иста сила. Тоа го учиме и затоа сè зависи од намерата – како си ја објаснувам, како со нејзина помош сакам да ја променам својата состојба, дали едноставно да ја подобрам или пак да ја искористам лошата и добрата состојба за да се приближам до нешто повисоко, а не само да се чувствувам подобро. Тоа веќе зависи од свеста на човекот, затоа што свеста секогаш се издига над чувството, таа се гради врз основа на пресметките од лошите и добрите чувства. Мозокот се развива врз основа на спротивните појави во чувствата, тој може да ја види разликата помеѓу нив. Така напредуваме.
Целото царство е за тебе! Ние од самиот почеток се наоѓаме во светот на Бесконечноста во целото негово совршенство и убавина, но никој од нас не знае за тоа. Секој е како принц – наследник, поставен во темен подрум на прекрасен царски дворец. Иако царски син и целото царство е за него, тој тоа не го гледа и не го чувствува, не сфаќа дека се наоѓа во богат царски дворец! А му се чини дека седи во мрачен, црн подрум, околу проблеми и несреќи. Но кога ги поправаме своите сетила, тогаш гледаме дека она, што нам во извртена перцепција ни се чинело како темен подрум, се претворило во царски дворец и дека нашата состојба била совршена.
Треба да се помине преку сите тие искуства и впечатоци – и негативни и позитивни за да се оценат едни со други и, имајќи ги предвид сите нив, од нив да се изгради својата правилна перцепција, целосно испитувајќи ја состојбата во која се наоѓаш. Кажано е: „Ќе го јадете одамна зачуваното" – односно, ништо не се менува, се менуваш само ти, твојата перцепција. А според тоа ќе ја видиш својата вистинска состојба.
Од утринската лекција по книгата “Зохар“ - 29.08.2011