Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Сам меѓу ангелите кои талкаат

Одговор: Ние секогаш ги гледаме другите преку призмата на нашиот егоизам. И затоа ми се чини дека сите се полоши од мене. А ако некој е подобар тогаш јас почнувам да се чувствувам лошо и морам некако тоа да го компензирам, во спротивно јас страдам. Всушност постојам само јас. Сите други се – моите негативни особини кои талкаат околу мене. Кога би бил поправен јас не би ги гледал нив, туку деловите од мојата душа соединети заедно со мене во една целина, јас би ја гледал Светлината. А така јас гледам различни луѓе. Сето тоа се моите внатрешни особини. Како треба кон нив да се однесувам? Како кон ангели.

Прашање: Но во мене ја нема зависта која треба да постои. На кого да му завидувам? Јас ги гледам сите исто толку мизерни како и себеси самиот.

Одговор: Бидејќи ги гледаш пријателите преку твојот егоизам. Всушност сите тие се совршени! Бидејќи Создателот создал таква перцепција на опкружувањето заради тебе. Ако се поправиш ќе ги видиш сите како совршени! Никој од нив не треба да се поправа, само ти.

Од лекцијата на руски јазик, 11.03.2014г.

Во Европа не работат и не учат 13% од младите

Соопштение на МОТ: Современите млади луѓе живеат со чувство на неопределеност во однос на иднината. Тие имаат малку надеж и шанси за развој. Во Европа не работат и не учат 12,7% од младите луѓе. Во светот се забележува загрижувачка тенденција за проширување на нееднаквоста меѓу земјите и внатре во самите земји. Денес еден процент на светското население – најбогатите жители – имаат ист дел од приходите како и 3,5 милијарди најсиромашни луѓе земени во заедно. Од друга страна добро осмислени системи за социјална заштита придонесуваат за зголемување на приходите на населението и внатрешната потрошувачка, развојот на човечкиот капитал и продуктивноста. Меѓутоа за жал, се одбележува во соопштението на МОТ, денес во светот 76% од населението живее без соодветна социјална поддршка и заштита.

Реплика: Владите ќе немаат друг избор освен да го обезбедат целото население, вработените и невработените со неопходни производи и услуги. Но тоа нема да ја елиминира деградацијата на населението и можеби тогаш ќе се осознае потребата за интегрално образование и воспитание. Во спротивно ќе се појават конфронтации кои туркаат кон граѓанска или меѓународна војна.

Од Блогот на руски јазик, 11.03.2014г.

Вселената на Ајнштајн

Во архивата на Ерусалим најден е ракопис на Ајнштајн, во кој авторот размислува за алтернативната теорија на еволуција на Вселената: универзумот не се родил со Биг Бенг, туку се шири постојано и вечно. Без оглед на фактот дека Ајнштјн наскоро се откажал од оваа идеја, ракописот го покажува неговото несакање да го признае фактот на создавањето на Вселената во експлозијата, иако другите физичари тврделе дека тоа е закономерен заклучок од општата теорија на релативноста. На Ајнштајн теоријата на Биг Бенг му се чинела „одвратна“, бидејќи таа претпоставувала некој мистичен момент на надворешно влијание врз примарната материја.

Реплика: Иако во своите лекции јас постојано го спомнувам Биг Бенг, како референтна точка на почетокот на нашиот свет, сè што ние изучуваме се разгледува само во однос на човекот – набљудувач, кој во нашиот случај, го чувствува и го восприма она што го чувствува „во себе“, во своите особини – и затоа не треба да говориме за светот што нè опкружува и за негова промена, туку за промената на нашето „чувствување во себе“ и за неговата промена, зависно од степенот на пројавувањето на новите решимот во нас. Главно за постигнување на реалноста „Вовед во Книгата Зохар

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica