Баал ХаСулам пишува во статијата "Мир во светот" дека секој човек во општеството е како тркалце во системот на целосен механизам на тркала, во кој посебно тркалцето нема слобода на движење. Тоа е вклучено во заедничкото движење на сите тркала во саканата насока за да го направи механизмот погоден за извршување на заедничката задача. И ако се случи некој дефект во тркалото, тоа не се разгледува како дефект на тоа едно тркалце, туку се проценува од аспект на неговата улога и намената во целокупниот механизам.
Првата станица на патот до успехот е да се постигне такво чувство дека сите сме поврзани, како запчаници и немаме никаква слобода на движење одвоено еден од друг. Јас не можам да се вртам ако не го направам тоа движење заедно со сите други. Ако пак се вртат другите – јас немам никаква можност да не се вртам заедно со нив. Затоа, само со општ договор може да се постигне движење, кое ќе биде пожелно за сите. Ако светот го открие овој закон - тоа навистина ќе претставува спас.
И ако ние го откриеме тоа во својата група, тогаш ќе можеме да ја пренесеме таа визија на светот. Тоа треба да претставува главна тема на нашето ширење, треба да се објасни ситуацијата. Но ширењето ќе биде најефективно ако ние самите ја откриеме меѓу сите нас оваа апсолутна, обврзувачка заемна поврзаност. Тоа треба да биде главна идеја за денес – на Денот на Единството, кој се спроведува од нашите кабалистички групи во целиот свет.
Ние се враќаме кон истата слика на поврзани запчаници, каде што ниту еден нема своја слобода на дејство. Сеедно какви илузии и заблуди има тој во однос на ова – но тоа е така. Затоа јас морам да се вклучам во група за да сфатам и почувствувам колку сум зависен и поврзан со другите, немајќи ниту едно слободно движење: ниту во срцето ниту во разумот. Во никакви желби или особини, мисли и планови. Сè што го посакувам, за што сонувам да го остварам или го правам – тоа конечно зависи од другите, и ништо нема да ми успее ако јас не постигнам со нив некаков зааеднички договор и согласност.
Свеста за меѓусебна зависност во групата, во општеството или во целокупното човештво – тоа е клучот за поправката на светот и поправката на човекот. Ако пак јас сум неисправен – од една страна тоа зависи од општеството, општеството ме расипало. Бидејќи човекот е плод на влијанието на општеството.
Меѓутоа, зар не сум го одбрал јас самиот и не е во моја моќ на него да влијаам?! Човекот не може да се исклучи од општеството – ниту во добра, ниту во лоша смисла. Затоа, не може да се смета на поединецот, треба да се смета само на неговиот слободен избор, односно на тоа какво општество тој одбрал за своето растење.
Од утринската лекција според статијата “Мир во светот“ /26/12/201