Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Само обиди се, и сè ќе биде во ред

Прашање: Што значи да работам на себе со цел да ги сакам пријателите?

Одговор: Треба да се замисли дека пријателот е важна личност, драг и посебен. Инаку, зошто треба да го сакаш? Прво, мора да ја пронајдеш причината. Која може да биде причината да се сака другиот, ако сега го мразиш? Да бидам искрен, тоа не е дури ниту рамнодушност, туку вистинска омраза. Можеш да го провериш следново: Замисли си дека твојот пријател на лотарија добил еден милион долари. Следниот ден, ти ќе го чувствуваш поинаку. Ќе му завидуваш и дури ќе го мразиш. Зарем тоа не е така? Што значи да го мразиш? Тоа значи дека повеќе би ти се допаднало тој да не добил на лотарја, и тоа е веќе доволно. Тоа е многу едноставно да се провери, бидејќи поинаку би мислел за твојот син. Па така, можеме да работиме со цел да го сакаме пријателот, иако ги мразиш сите во светот, освен себе. Така ќе се разбудиш со возвишената цел наречена „Создател“, и ќе сакаш да ја достигнеш. Не е важно тоа што ти воопшто не знаеш кој е Создателот. Ќе копнееш за повисоки знаења и моќ, со цел да се искачиш до врвот, што е многу повеќе возвишен од  целиот твој живот. Тоа е само егоистичка желба. Меѓутоа, со цел да се качиш на врвот, мора да исполниш еден услов: да го сакаш оној кого сега го мразиш. Создателот ти објаснува постепено, дека не можеш да Го сакаш Него, бидејќи ако Тој се открива малку, ќе го мразат, бидејќи твојот карактер е спротивен на Неговиот. Тој контраст ќе буди одбивност и омраза во тебе.

Значи, со цел да се избегнат ваквите лоши односи со Создателот, за сега, ќе мора да научиш да се подобриш во друга состојба. Тебе ти е даден овој свет: материјалниот, растителниот, животинскиот и луѓето. Обиди се да бидеш заедно со нив. Создателот ти кажува дека Тој ќе ти помогне, до онаа мерка колку што повеќе ќе се обидуваш да го сакаш другиот, над омразата што ја чувствуваш. Сега, ти никого не почитуваш: „Нека изгорат до темел“, но Создателот намерно направил така да се чувствуваш. Во моментот кога ќе сакаш да се искачиш над омразата, Тој ќе ти помогне. Само обиди се и Тој ќе ти помогне. Така, заедно, ќе ги вклучиш твојата претходна природа кон друга природа. Втората природа нема да ја поништи првата, но ти ќе направиш ист облик како Создателот, и ќе станеш како Него. Ќе бидеш во можност да се запознаеш со Создателот. Тогаш, ќе бидеш во можност да се прегрнеш, да се поврзеш и да се споиш во едно тело. Ова е причината зошто Тој ја создал околината која што ја мразиш и во моментот кога ќе се обидеш да ја сакаш, Тој ќе ги направи твоите напори успешни. Ако успееш да го постигнеш и најмалото достигнување, па дури не и љубовта, но барем да предизвикаш помала штета на другите, односно да го неутрализира твоето его, Тој ќе биде откровен. Тоа е затоа што тогаш не ќе Му наштететуваш Нему, и ќе бидеш во можност да Му се доближиш и да се поврзеш.
Од утринската лекција, 22.05.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

Нека Зохарот работи во мене

Прашање: Вие рековте дека при читањето на Книгата Зохар, ние треба да дозволиме книгата да работи во нас. Како ние треба да го направиме тоа?

Одговор: Тоа е преку едноставно читање и читање, надевајќи се дека книгата ќе влијае врз тебе. Тоа не е книга што ја читам, туку текст кој е напишан од кабалистите кои се над Махсом (бариера), не само над Махсом, туку во ГАР (трите горни Сефирот) на Светот Ацилут. Јас се поврзувам со нив преку овие букви. Мојата желба за воспримање, мојот ум и моето срце некако воспоставуваат врска со нивното срце и ум. Нивното срце и ум се веќе приљубени со Создателот. Така, со помош на книгата, јас се поврзувам со Вишата Сила. Сега, сè зависи од тоа што сакам од неа. Јас можеби ќе сакам да заработам пари на берзата, благодарение на нејзиниот посебен квалитет, или да го подобрам моето здравје, или да добијам некоја друга корист, така што јас ќе се чувствувам добро. Ако сакам „моите постапки да бидат како делата на предците", тоа е всушност пожелната намера.
Од утринската лекција, 22.05.2013, според Книгата Зохар, на Каб.Тв

Дофати ја Светлината со прачка

Прашање: Јас разбирам дека ние треба да го сакаме пријателот, но како можам да го почувствувам во моето срце?

Одговор: Ако не размислуваш за Опкружувачката Светлина, додека правиш напори, ако не очекуваш да ја добиеш како резултат на сите твои планови и дејствија, туку повеќе се надеваш со овие дејствија да се поправиш себеси, тоа е фатална грешка. Тоа значи дека ти не ја додаваш целта кон своите дејствија, која е Создателот и Неговата помош, Светлината што може да те поправи. Излегува дека и покрај твоите напори, ти сè уште напредуваш по „патот на страдањето!" Но, „патот на Тора" е Светлината која поправа, која што била создадена со цел да нè поправи. При секое направено дејствие, ние треба да се фокусираме, да ја привлечеме Светлината, па таа ќе дојде како одговор на нашите напори. Ако ние не фрлиме со прачка, со цел да ја фатиме и привлечеме Светлината, ако ние немаме таков однос кон нашите дејствија, тогаш овие дејствија ќе нè водат долж „патот на страдањето“, а не долж „патот на Тора.“
Од утринската лекција, 22.05.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

Една единица на давање

Некои од пријателите, во групата од десет, се во состојба на искачување, а другите поминуваат низ тешки времиња и паѓања, и имаат дополнителен Авјут (грубост, копнеж). Ние не сме одговорни за овие состојби. Потребно е да се напредува, без разлика дали ми се допаѓа состојбата или не, едноставно треба да ги искористиме предностите на секоја состојба, со цел да напредувам. Сите состојби доаѓаат од Вишото и не смееме да ги критикуваме, без разлика дали ги чувствуваме како добри или лоши, ние треба сите нив да ги користиме како средство да напредуваме. Секоја група од десет е една клетка, бидејќи таа може да генерира само една единица на давање. Едно лице во група, од десет, или две, или три лица не се брои. Само ако сите членови, во групата од десет, се правилно поврзани, тогаш таа станува една единица на давање, а потоа почнува да ја открива својата прва, - Светлината Нефеш.

Од утринската лекција, 22.05.2013, според Вовед во Зохар, на Каб.Тв

Најважното е да си жив и здрав

Прашање: Зошто молитвата за само-поправка не е ефикасна?

Одговор: Тоа е молитва на која многу работат. Молитвата за себе е потребна, така што некој конечно ќе разбере дека таа не помага и дека не е ефикасна. Овој свет нè збунува нас, бидејќи во него успеваат луѓе кои мислат за себе. Човек започнува бизнис, се ангажира во спортот, и колку повеќе напори тој прави, толку е поголем неговиот успех. Тоа е вистински факт. Сепак, духовноста е спротивна од матерјалното. Колку повеќе мислам за себе и правам одредени вежби, толку повеќе ќе се докаже дека не можам да успеам на тој начин. Законите кои работат во духовноста се спротивни од сите закони на овој свет: „Не е мудриот оној, кој успева благодарение на неговата мудрост, ниту е храбриот, кој успева благодарение на неговата храброст.“ Тие квалитети се корисни само во земскиот свет: Колку повеќе имаш моќ, мозок, или пари, толку си поуспешен.

Овој свет е создаден врз основа на егоистичката храброст. Сепак, во духовниот свет тоа е токму спротивното, и сè зависи од тоа колку јас ќе излезам од себе и да останам немоќен, глупав, и целосно неспособен да успеам од себе, туку само со инвестирање во другите, да се покорам себе пред нив, и да бидам под нивно влијание. Така, јас се учам себеси дека токму тоа е начинот со кој можам да напредувам. Тоа е многу деликатно прашање. Ние работиме во интегрален систем, и само преку мојата врска до секој друг - до тој степен каде ќе можам да се припојам кон нив - можам да успеам. Јас никогаш нема да бидам во можност да излезам од мојот „круг“ и да бидам непријатен во однос на другите, не го сакам тоа! Напредувањето укажува на поголем продор во групата со цел да се биде еднаков со сите други. Тоа е всушност спротивно на законите на овој свет. Значи, сите правила, за кои читаме во кабалистичките текстови, не се само добри совети и сугестии на еден загрижен дедо за своето внуче, кој се обидува да го убеди да не скока наоколу, да не се бори, и да седи мирно. Тие се железни правила на Вишиот Систем. Ние треба да ги заборавиме сите вообичаено егоистички системи и да се обидеме да се навикнеме да ги прифатиме законите на Вишиот Систем, каде што сето тоа оди преку групата, преку „десетте“.

Ти можеш да постигнеш сè, но средствата, правилата за успех се различни од оние кои се прифатени во овој свет. Твојот успех зависи само од тебе - до степен до кој можеш сам да се покориш пред околината, твоето сакање да го даваш сето она на пријателите, да се грижиш за нив, и да ги сакаш како луѓе кои се најблиски до тебе и најмногу сакани. Иако тоа не го чувствуваш, сепак со присилување на самиот себе, дејствувај на тој начин, како да секој од нив е голем човек, најголемиот од нашата генерација, оној кој е најблиску и најмил за тебе, дури и повеќе од себе. Наскоро, ти всушност ќе почувствуваш дека тоа е така, и сите ќе станат многу важни за тебе: неговата состојба, неговото здравје, и неговиот успех. Ти ќе разбереш и ќе почувствуваш дека зависиш од тоа и нема да имаш други грижи, освен за нивната благосостојба и здравје.
Од утринската лекција, 22.05.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

Благодарејќи на заветот и заемната гаранција

Прашање: Што означува „искачувањето од нижото кон вишото"?

Одговор: Искачување кон вишото зависи од тоа колку нижиот може да се поништи пред вишиот. Тој го прави тоа, благодарение на Опкружувачката Светлина, а не поради внатрешните манипулации. Тој знае дека Создателот го донел во групата со добра судбина, и му вели „земи ја!“ Ако успее да се држи до таа точка и да почне да работи со неа, ќе успее. Искачувањето зависи од она што ти го сметаш за искачување. Ако мислиш позитивно за еден од пријателите барем еднаш дневно, за разлика од тоа како си размислувал за него пред тоа, тоа е веќе голема радост, бидејќи тоа укажува на квалитативна внатрешна промена во тебе. Треба да се грижиш за секој од десетте пријатели, во групата од десет, тие да се стремат постојано за такво искачување. Тоа е заемна поддршка и заемна гаранција. Ако си загрижен за сите пријатели да се чувствуваат на ист начин и да се грижат еден за друг, тогаш твојата загриженост е пренесена до нив. Тоа е лесно за некои од пријателите или повеќе тешко за другите, и така ние се надополнуваме еден со друг кога ќе се собереме и поврзуваме. На оние на кои им е тешко, поради стврднување на егото, додај ја моќта на Авјут (дебелина, копнежот) во групата на десет. Оние кои го чувствуваат возвишувањето, што значи влијанието на Светлината, ја пренесуваат Светлината на групата.

 „Кршењето" на садот ни овозможува да го направиме тоа. Не можам да привлечам Светлина во мојата сегашна скршена состојба, бидејќи меѓу нас не постои врска. Но јас се поврзувам со пријателите во едно единство, во кое некој ја додава моќта на грубата егоистичка желба, а друг додава духовното воздигнување. Еден повлекува нагоре, а друг уште надолу, но сепак ние сме поврзани. Оние кои што влечат нагоре, се под влијание на Опкружувачката Светлина, и благодарение на фактот дека ние сме поврзани во еден систем, тие исто така влијаат на мене. Како е можно тоа? Суштината е дека ние сме ја разнишале бариерата, Махсом, меѓу нас. Во нашиот однос сме направиле напори да се премости јазот меѓу нас. Тоа е како да сме поставиле Масах (екран) во текот на егоистичкиот прием на Светлината и сега Таа може да влијае на нас. Светлината влијае врз оние кои што тоа го заслужуваат, бидејќи тие се во состојба на искачување и преку нив таа влијае на мене. Дури и ако ние не сме толку блиски, како што бевме претходно, и не сме поврзани толку силно во еден како што бевме, сепак направивме завет и се согласивме дека ќе ја одржиме поврзаноста меѓу нас, толку силно колку што можеме, и ќе го скршиме ѕидот меѓу нас. Излегува дека рушењето на ѕидот е само дар од Вишото, тоа е прачка која што треба постојано да ја бакнуваме. Тоа ни овозможува да бидеме постојано поврзани со другите и да бидеме во допир со Светлината, дури и во најлошите состојби. Ако го изгубам допирот со другите, таму е заветот со кој јас останувам во контакт, благодарение на оние кои се во состојба на искачување и може да ја привлечат Светлината. Така сите работат во врска со другите. Тоа специјално поврзување на скршените желби се нарекува „овој свет.“ Тоа воопште не е она што го гледаме и чувствуваме, тоа не е нашето телесно его, туку систем, специјални услови кои што ни дозволуваат да се поврземе со Вишиот. Иако ние не заслужуваме ништо судејќи по нашата состојба, ние ја прифаќаме поврзаноста со тоа: или според условите на заветот меѓу пријателите, благодарение на нашата поврзаност, или благодарение на заемната поддршка. Пријателите може да имаат недостастаток на волја и јас им ја додадавам со моето спуштање, и тие ќе ми помогнат да ги пренесам моите недостатоци и да издржам, исто како што здравите луѓе се однесуваат со оние кои се болни. Меѓусебната помош која ние ја обезбедуваме еден за друг, оваа скршената состојба, сите овие услови се нарекуваат „овој свет", благодарение на кои можеме да ја допреме Светлината што поправа. Советите и насоките на кабалистите се фокусирани на една точка: Како да се поврзам со Светлината во состојба на одвојување.
Од утринската лекција,22.05.2013, според Вовед во Зохар, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica