08.04.2011 -
Прашање: Во материјалниот живот ми зборуваат: биди личност, изразувај се себеси, реализирај ги своите стремежи во животот. А во духовниот живот јас, обратно, треба да се разлеам во групата. Од каде таква противречност?
Одговор: Приклучувајќи се во групата, ти не се губиш. Само ја добиваш потребната сила од другарот која ти е потрбна да го развиеш своето ЈАС. Исто како капките семе, кои се прилепуваат за матката, се одрекуваш од дел од себе, за да добиеш храна, сила за раст. Но расте токму таа, а не некоја друга. Јас се откажувам од дел од себе за да ја добијам Вишата Сила, но притоа таа не треба да владее со мене. Напротив, со нејзина помош треба јас да се развивам, да го развивам своето ЈАС.
Поинаку нема да има раст и на следната етапа јас нема да можам да се задржам на ѕидот на матката. Овде се среќаваат две противречности. Од една страна јас се откажувам од мајката за да не станам туѓо тело во нејзиниот организам, да не предизвикам загадување. А од друга страна, откажувајќи се од себе, јас добивам крв од мајката и благодарение на неа, растам сам. Се развиваат мои гени, мои карактеристики, дури до таму, што јас може да бидам од машки пол иако таа е жена.