Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Самопоништување според законите на љубовта

 

25.05.2011 -
Прашање: Вие секогаш зборувате дека би сакале да ги видите учениците посамостојни. Како е поврзана самостојноста со самопоништувањето пред мислењето на учителот?

Одговор: Самостојноста е способност самиот да донесуваш правилни решенија и правилно да се однесуваш, чувствувајќи и сфаќајќи како јас би го правел тоа на твое место. Уште полесно е да се работи по овој принцип во голема заедница. Затоа што за управување со него е потребен голем систем. И ако секој прави максимум напор за да се согласи со мислењето на духовниот водач, а потоа да бара каков придонес може да даде во нашата заедничка работа, тогаш успехот ни е загарантиран.

Невозможно е од еден мозочен центар да се управува со секоја клетка во телото, тоа би било мошне тешко. Во интегралниот систем секој управува со сите во својата работа. И секој треба да провери колку неговото мислење е во согласност со мислењето на останатите, да го прими мислењето на заедницата наместо своето и да дејствува според него. Тоа се нарекува „да се сака ближниот како самиот себе".

Јас не правам како што ми изгледа дека е подобро, туку така како што му е добро на другиот. Јас работам според неговата желба. Во тоа е суштината на соединувањето, на единството. Не може да постои еден човек со едно срце, ако не го примаме заедничкото мислење повисоко од личното. А тоа за многу луѓе е голем проблем, особено за оние кои имаат организаторски способности. На нив им изгледа дека разбираат како треба да се организира ова општество и да се управува со него, а тие се раководат според својот разум.

Тука лежи опасноста, како се развиваат тие самите и целото општество во целина. Затоа што може да се отиде во насока спротивна на духовната. И однадвор ќе им изгледа дека ги следи материјалниот успех, но нема да имаат духовен развој.

Од лекцијата според статијата “Шамати“  од 25.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica