Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Самоуверениот нема ништо да научи

02.01.2011 -

Прашање: Речено е, дека главата на нижиот парцуф навлегува во телото на вишиот парцуф. Што значи "да навлезеш во вишиот"?

Одговор: "Телото на вишиот – тоа се неговите дејства, работа врз желбите, а "главата" – тоа е донесување на одлуки. Нижиот не може ништо да стори со својата "глава", на своето скалило. Речено е: "По Твоите дејства Те препознаваме Тебе". Односно нижиот треба да се вклучи во "телото" на вишиот. И кога тој практично учи што прави вишиот, извршувајќи го тоа самиот – само тогаш тој почнува да сфаќа што вишиот сакал со тоа да му каже. Додека не го направиш тоа што ти го кажал вишиот, нема да сфатиш што тој кажува.

Притоа тоа не е некое глупаво животинско дејство кога едноставно треба да се изврши тоа што ти е кажано, - туку треба да се направи и да се научи! Погледнете ги децата како тие ги повторуваат постапките на возрасните – тие ги копираат нашите постапки, без да ја разберат нивната смисла. Ако на детето му дадат пластичен чекан и шајки, тоа не знае што треба со нив да прави. Но тоа гледа како ти заковуваш шајки и го прави истото, и од тоа почнува да сфаќа зошто е тоа потребно. Не е можно да се учи поинаку.

При составувањето на образовните програми треба да се земе предвид, дека да се научи може само со личен пример. Забележуваме, дека причината е скриена во духовните корења и утврдена при ширењето на парцуфим (слегувањето на поврзаноста на душите) одозгора надолу.

Целиот разум, даден на нижиот е потребен само за да тој може да ги повтори дејствата на вишиот. Главата на нижиот треба да работи само во таква форма. Ако главата на нижиот гледа нагоре, за да зема пример од вишиот и да извршува аналогни на него дејства, тогаш нижиот ќе доживее успех.

Ако пак нижиот смета дека може да просудува со своја глава, да донесува одлуки и нешто да извршува – го чека неуспех. Тој ќе мисли дека се наоѓа на такво скалило кога може самиот нешто да направи. Но сите негови дејства се извршуваат во "телото" на вишиот. Ако нижиот има доволно ум да го поништи својот ум, разум, тогаш тој се искачува и го добива умот, разумот на вишиот.

Од утринската лекција според “Учење на десетте сфирот“ /02/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica