Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Свет на авантури во кој може да се влезе

07.01.2011 -

При читањето на Книгата Зохар, главна е намерата. Бидејќи, читајќи ја оваа книга, ние ја привлекуваме најголемата Светлина, ако сме способни тоа да го направиме. Во сето напишано од кабалистите нема појака Светлина од таа во Книгата Зохар. Затоа таа се стекна со таков углед, популарност и истовремено во текот на целата историја била скриена и доживеала толку многу случувања.

Дури сега таа се открива, бидејќи тоа е извор на Светлината која враќа кон Изворот. Затоа нема значење што точно ние читаме во Книгата Зохар, зошто во секој случај не разбираме правилно ниту еден збор. Но ние сакаме да продреме во истата слика, да ја почувстуваме, а не да ја сфатиме; затоа што таа не може да се сфати во нашиот овоземен разум. Ние тежнееме да влеземе во неа, да ја откриеме.

Затоа што станува збор за кабалистите кои го откриле духовниот свет и ни раскажуваат за тоа што таму го откривале, како во авантуристички роман за истражувачите, кои откриваат нови земји и острови. Така кабалистите ни раскажуваат за случувањата во духовното. Тие опишуваат со помош на какви внатрешни инструменти го откриваат духовното, и истовремено раскажуваат за тоа што гледаат и чувствуваат.

Односно тие зборуваат за дејствата кои ги извршуваат и што откриваат како резултат на тие дејства. Ние гледаме, читаме, слушаме – и ништо не сфаќаме. Но, ние се поттикнуваме себеси да ги почувствуваме тие состојби, да живееме во нив.

Во детството читајќи ги книгите за интересни авантури ние ги доживувавме заедно со ликовите – но сето тоа било само во нашата имагинација. Но, тука ние практично влегуваме во духовниот свет и го чувствуваме уште посилно отколку што сега се воспримаме себеси во овој свет. Токму сегашното наше воспримање на овој свет е најискривено и заматено во споредба со сè друго.

Во духовното е најверојатна јасност, транспарентност, кои не можат да се замислат, најдлабоко разбирање на сите настани и сили зад нив, причини и последици, изворот на сите настани и поврзаноста меѓу сé што постои. Кон тоа треба да тежнееме, читајќи ја Книгата Зохар, да престанеме да бидеме "старци" и да се почувствуваме како мали деца занесени од книгата за возбудливи авантури.

Од утринската лекција за Зохар 07/01/2011

Од утринската лекција за Зохар /02/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica