Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Свет на нашите намери

28.12.2010 -

Целата наука кабала говори само за дејствата на давање кои се реализираат во нашата меѓусебна поврзаност. Бидејќи целокупната реалност престојува во давање, освен овој свет кој се појавува пред нас во спротивната особина, каде што секој прима колку што може за себе. Во овој стремеж на "апсорбирање во себе" ние ја чувствуваме нашата реалност.

Замислете си мали желби небаре расфрлани по површина. Ако секоја од нив има намера колку што може повеќе да заработи за другите, тие создаваат таква меѓусебна поврзаност која се нарекува "овој свет" во сите облици на неговата материја. И тогаш луѓето меѓусебно се соединуваат според хиерархијата, стапуваат во брак, раѓаат деца, се обединуваат – се согласно со нивната намера да се насладуваат од другите. Така тие меѓусебно се средуваат. И тоа се нарекува "нашиот свет", "оваа реалност", на сите нивоа – неживото, растителното, животинското и човечкото.

Ние ги гледаме другите како блиски или како далечни, зависиме од нив повеќе или помалку, но сето тоа е согласно на нашата намера за насладување. Ние самите ја градиме оваа реалност – со своите намери да се насладуваме од сето што постои. Но ако меѓу нас се најде човек кој ќе рече "Не! Јас не сакам да се однесувам кон другите со намера за примање, туку со намера за давање", - тој ќе го почувствува својот нов однос кон истата реалност како духовен свет. За тоа е речено: "Го видел спротивниот свет".

Сè зависи од намерата. Да се премине од намерата "поради себе" кон намерата за давање значи да се помине махсомот. Во таа намера за давање постојат 125 скалила – сè додека не ја достигнеме совршената намера, апсолутното давање. Реалноста која сега ја воспримаме во намерата поради себе – тоа е замислена реалност. Таа ни е дадена само за да преминеме од неа и понатаму кон вистинското воспримање на реалноста.

Намерно ни е даден егоистичкиот однос кон другите за од него па понатаму да почнеме да работиме врз себе, да преминеме кон особината на давање и по 125-те скалила се повеќе да ја откриваме нашата меѓусебна поврзаност, т.е. да се искачуваме по скалилата на световите. Да се почувствува овој или оној свет – зависи само од нашата намера.

Од утринската лекција за книгата Зохар “Предговор кон книгата Зохар“ /28/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica