02.09.2010
Прашање: Ако се се одвива преку групата, тогаш зошто во случај на материјален проблем треба да се занимаваш со него и да се трудиш да го решиш ( ако се разболиш – треба да одиш на лекар), а не е доволно само да и се обратиш на групата, за таа да ти помогне на внатрешно ниво?
Одговор: Ние сеуште не се наоѓаме на такво ниво, кога би било можно за сметка на врската со групата да се решат сите проблеми. Но реално, тоа така навистина треба да функционира. Тоа е многу правилно прашање: зошто не можат да се решат сите проблеми со помош на светлината, која враќа кон изворот – да се обратиш кај групата, да сконцентрираш таму силна желба и да посакаш тоа да се случи, делувајки директно на светлината, изворот на животот.
Кај мене еднаш се случи влошување на раната во желудникот, и Рабаш ме натера да седам до него и да учам.Но јас не можев да ја поднесам болката, да седам и да се задлабочам во текстот и намерата, не успеав да ја совладам болката – не успеав да ја привлечам силата, која би ја смирила мојата болка, а можно е и да ја излечи целосно...
Но без сомневање, вината за тоа беше само мојата слабост, дека јас не успеав тоа да го сторам и да ја привлечам светлината, наоѓајки се околу него, кога ние седевме и учевме заедно. И штом тој предложи така да се направи, значи дека јас можев тоа да го направам! Но во тој миг не успеав.
Односно, при имање на голема група, нам, за решавање на било какви прашања нема да ни се потребни никакви надворешни средства, медикаменти! Лекот делува на ниво на телото. А ние ќе можеме да делуваме директно, и да ја наполниме желбата, која чувстува недостатотк на наполнување, како болест или болка. И не само да го лекуваме телото, туку да го искористиме тоа како причина за лекување на душата.
Од Утринската лекција кон статијата “Предговор кон Паним Меирот“ /02/09/2010