Прашање: Како може човек да провери дали оди по патот на Светлината или по патот на страдањето? Има ли некаков показател?
Одговор: Напредуваш по патот на Светлината ако секогаш избираш подобра околина, што значи таква што е повеќе ориентирана кон целите. Во овој свет сум опкружен со општество, разни групи, пријатели, и задоволства, и морам да бирам: По кој пат ќе тргнам? На крајот од патот има цел – Создателот, и било да сакам или не, морам да сфатам дека тоа е природата која ќе победи без оглед на сé.
Ако го сфаќам ова, ако имам „дел од божественото одозгора" кое е слично на Создателот, тогаш место други општествени кругови и задоволства, морам секогаш да го изберам друштвото кое е поврзано со духовната цел. Тоа ќе ми овозможи да ја откријам желбата за Создателот, која ќе биде изразена во мојата врска со околината. Тогаш таа ќе стане место во кое јас го откривам Создателот. Меѓутоа, сé зависи од тоа што сакам да достигнам на крајот од патот. Има луѓе кои не ја гледаат целта на крајот од патот и затоа скитаат по животот како ветрот да ги носи.
Мораш да се провериш до оној степен до кај што разбираш: Што е она што го нарекуваш Создател, вистинската околина, и целта? И мораш да останеш на местото каде мислиш дека е вистината. Ако имаш духовна искра, точка во срцето, тогаш ќе ја најдеш вистинската околина за неа и нема да можеш да се смириш на ниедно друго место.
Ако немаш таква точка во срцето, тогаш ќе му се придружиш на ова општество мислејќи дека можеш нешто да примиш таму, а подоцна ќе си заминеш. Во врска со ова се зависи од тоа каква среќа имаш, а не од разумот. Среќата (Мазал) е Светлината која тече (Нозел) одозгора и се сипе во точката во срцето. Ако дојде, ќе напредуваш.
Од Утринската лекција 21/11/2010, „Суштината на религијата и нејзината цел"