Прашање: Како можеме да измериме до кој степен Светлината, која поправа, влијае врз нас?
Одговор: Во моментот, невозможно е точно да се измери влијанието на Светлината, бидејќи човекот сè уште нема алатки за да ја измери. Проблемот не е во Светлината или Вишото ниво, туку во самиот човек. Можеме да кажеме дека врз човекот влијае Светлината која поправа до таа мера до која тој копнее по Светлината. Но човекот не може да го измери овој копнеж, иако е негова сопствена желба, негов напор, негов притисок. Причината е дека тој е постојано во состојба на подеми и падови и не може да ги избори овие моменти и неговите напори, ниту пак оние кои ги прави свесно или несвесно. Сето ова на крајот се акумулира. Тоа е акумулативен процес, и вели „многу парички прават голема сума“, и кога на крајот ќе се достигне голема сума, човекот чувствува дека доаѓа друг дел од Светлината која поправа.
Вистината е дека Светлината постојано влијае врз нас, но ова влијание го чувствуваме само откако ќе се исполни одреден дел и ќе се постигне на нашето ниво на чувствување. Затоа ни изгледа дека Светлината доаѓа во делови, но всушност, таа постојано влијае врз човекот. Светлината влијае врз нас дури и кога не размислуваме за тоа и природно се развиваме. Решимот (информациските гени) се појавуваат еден по еден, и Светлината влијае врз нив. Инаку тие нема да се исполнат, и ние нема да се развиеме.
Заради ударите на животот ние стануваме помудри, повеќе разбираме, се приближуваме кон давање, што значи дека Решимот постојано излегуваат, и Светлината која опкружува дејствува врз нив. Но Светлината која поправа е Светлината по која копнееме, и вршиме посебни дејства за таа да влијае врз нас и да ја забрза природната појава на Решимот и влијанието на Светлината. Иако тоа е истото дејство, разликата е дека ние ја повикуваме Светлината и ја бараме, и дека не доаѓа само по себе.
Од првиот дел на дневната кабала лекција 10.09.12, според статии на Рабаш на Каб.Тв