Прашање: Постојат две сили: едната сила води до единство и добрина, а другата кон уништување и смрт. Моментално, човештвото се движи кон точка на разделување каде што мораме да запреме, бидејќи вака не можеме да продолжиме. Ако работите течат по природен тек, ќе биде тоа катастрофално?
Одговор: Да, тоа би била природна и општествена катастрофа, односно војна. Ако продолжиме тврдоглаво да одиме против природата, тогаш од една страна тоа ќе биде причина за различни природни катастрофи како земјотреси, урагани и така натаму, а од друга страна, во нас ќе поттикне таков внатрешен напор и притисок од кој ќе избие нуклеарна војна. Ова е природниот тек на настаните без нашето свесно размислување.
Но ако однапред ја откриеме оваа точка преку масовните медиуми, преку сите можности, тогаш може да одиме напред. Ова не треба да се направи кога веќе ќе биде неизбежно и ќе влеземе во состојба на голем конфликт, туку додека очекуваме сé и однапред го чувствуваме како оваа точка да постои сега, и тогаш можеме да почнеме да се менуваме себеси и општеството. Ова може да се постигне само преку ширење на вистината за нашата состојба и правец: каде одиме, која сила нè води напред, и неизбежноста од точно доаѓање до таа состојба.
Всушност, луѓето веќе зборуваат за тоа, иако многу малку. И најважно, постои метод на поправање кој ќе ни овозможи да го промениме тоа што постои денес. Патем речено, методот сам по себе е безболен, без драма. Човекот не треба да се скрши себеси. Човекот оди во група и се приклучува кон неа под влијание на нежна, љубезна и пријателска околина, присуствува на неа како на едноставна психолошка работилница на факултет. И за неколку сесии, почнува да чувствува како самиот тој и неговиот поглед на светот се менуваат. Значи, ништо драматично не се случува. Тој едноставно, лесно и удобно почнува да стекнува нов систем на знаење и перцепција на светот.