Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Се спремаме да излеземе на патот !

02.11.2011 -
Прашање: Колку е важна подготовката за претстојниот конгрес за духовен напредок?

Одговор: Подготовката за следното ниво решава сè!

Ова го гледаме по состојбата на планината Синај, каде што ги прашуваат: „Дали сте спремни за конечното поправање?" Бидејќи соединувањето како еден човек со едно срце значи да се достигне крајот на поправањето, Гмар Тикун. Ако сте спремни за тоа, треба да постигнете сила на желбата за 600.000. Секој треба да каже: „Се обврзувам да се соединам со останатите до тој степен, што ќе го поправам своето зло и ќе го претворам во добро, во сила за соединување – до совршена состојба". А во совршена состојба силата на мојата желба треба да порасне за 600.000 пати.

Тука не станува збор за количина, за тоа колку луѓе притоа ќе бидат – двајца, две илјади или навистина 600.000. Дури и да се соберат 7 милијарди за да се соединат – силата на секого ќе се нарекува „600.000". Само под услов да бидеме спремни да се согласиме за да станеме како еден човек со едно срце – тогаш ќе добиеме Светлина која се враќа кон Изворот.

Затоа треба да се подготвиме и кога ќе пристигнеме на конгресот, веќе да имаме таква желба, таква подготвеност! Така што јас би бил спремен да учествувам во тоа заедно со другите и би посакувал да привлечам Светлина, која до тој степен ќе подејствува врз мене што ќе ме соедини со другите. Кога Светлината ќе оствари такво соединување, таа наместо околу нас, ќе стане внатрешна, ќе се појави внатре во нас. На тој начин ние ќе постигнеме духовно откривање.

Тоа ќе биде откривање на дејствието на Светлината кое се нарекува внатрешна Светлина, а исто така и Извор на Светлината, односно откривање на Создателот. Од откривањето на Светлината, јас ќе добијам разни чувства и ќе сфатам што е тоа десна линија, лева линија, Хасадим, Хохма, каква е мојата сегашна состојба, ниво, процес!

Секое откривање го содржи во себе целиот тој процес од почеток до крај – како на холографска слика. Во него има сè, дури и мал дел од Светот на Бесконечноста. Всушност, јас од првото ниво откривам сè, почнувајќи од него па натаму јас веќе сфаќам каде се наоѓам, го чувствувам тоа. Нека се и само почетни чувства, но јас веќе сум на патот. И овде веќе сè зависи од подготовката.

Од Статијата “Љубов кон Создателот и создаденото суштество“ - 02.11.2011
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica