Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Секогаш болното човештво

Фармацевтската мафија создава сè повеќе и повеќе различни лекови. За да ги купуваат, се создаваат нови болести, а во масовните медиуми постојано се одржува психоза од типот „наскоро сите ние ќе умреме од грип”. Се случува масовна манипулација со свеста. Во земјите на ЕЗ постои список од 12000 лекови, додека СЗО има изјавено, дека за лекување на сите болести доволни се 200 лекови. Тогаш зошто постои толкава излишна разноликост на фармацевтски препарати?

Лекарот не е исцелител, туку дилер. Поминале времињата, кога лекарот самостојно ги подготвувал мешавините и прашоците. Денешните лекари не поседуваат знаења од областа на медицинската хемија, малку знаат за механизмот на дејствувањето на лековите, колку лекарот е постар, толку е повеќе заостанува од животот. Лекарите самите се жртви на рекламата на исцелителните особини на новите препарати, тие се дистрибутери на производството на оваа или онаа компанија, коишто имаат дел од продажбата на лековите. Улогата на лекарот станува исклучиво пасивна, тој не лекува, туку избира препарат, којшто, како што му рекле во рекламата, дејствува. Медицината може да ја одржува егзистенцијата на 90-годишни старци, но тоа им одговара на производителите на лекови – затоа нивен идеал е „секогаш болниот пациент”. Лековите не треба да лекуваат, туку само да одржуваат.

Фармацевтски октопод. „Sandoz", „Ciba Geidy", „Hoffmann La Roche", „Bayer" – се меѓународни фармацевтски корпорации. Тие ги имаат повеќето патенти за користење на хемиските материи за медицински цели. Нивните експерти се советници на политичката елита и државните органи на власта за прашања од областа на медицината и здравствената заштита. Тие советуваат, кои лекови да се воведат во регистарот на дозволените – од лични интереси. Тука се разоткрива корупциската поврзаност на политичарите и фармацевтите. Никој не мисли на здравјето на населението. Некој добро заработува од сето тоа.

Коментар: Во сите области од нашиот живот управува егоизмот – и додека тој не се поправи, во спротивна на него особина на давање, интегрална заемна поврзаност, ние ќе страдаме од сите негови пројавувања. Да се обидуваме да поправиме само едно пројавување на нашата природа е бескорисно, затоа што таквата појава се забележува во целото општество, во целиот свет. Затоа само движењето кон сличноста со Природата, кон нејзиниот основен закон за интегрална добра и меѓусебна зависност ќе нè спаси од заканата за иднината.

Рецепт на спојувањето: не заборавајте да премачкате со Светлина

Баал ХаСулам, „Слушнав“, статија 25, „Дојдено од срцето”: Сите разумни аргументи, со чија што помош човекот ги гради своите заклучоци, дека секогаш е неопходно да се оди по патиштата на Создателот, се основаат на спојувањето со учителот. И штом ја изгуби таа основа, ќе исчезне целата сила на неговите аргументи. Затоа човекот во никој случај не треба да му верува на својот разум, туку треба само повторно да се „спојува” со книгите и учителот. Само тоа ќе му помогне, а не разумот и мудростите, бидејќи во нив го нема духот на животот.

Прашање: Што претставува спојувањето?

Одговор: Всушност, спојување е кога и двајцата имаат едни исти желби, мисли и вредности. Во таков случај тие се „споени” еден со друг. Тука се појавува прашање: како може да се спојат две исконски различни нешта? Тие се разликуваат во сè, и не се совпаѓаат ниту со еден параметар. Идентични совпаѓања во природата не постојат. Како тогаш да достигнат таква сличност, која ќе ги „спои” заедно? Ако секој се поткрева над себеси, без да посакува да ги искористи своите квалитети за себе, туку сè што е во него втемелено да го дава на другиот, а другиот, за возврат, исто така сака да се поткрене над личните интереси и да работи за добро на првиот, тогаш тие се слични еден на друг. Во што? Во давањето. Токму тоа значи, дека тие се „споени”. Како такво нешто да се постигне? Тие самите не се способни за тоа дејство – тука е потребна Светлината, која ќе дојде, и ќе ги соедини. Тоа значи, дека за спојување се потребни двајца и Создателот помеѓу нив. Таков „двоен сендвич” со Светлина во средината – претставува единствена духовна целина. Може да се спореди исто така и со тегови.

Прашање: Како да се привлече Светлината, за да се оствари тоа спојување?

Одговор: Пред сè, секој треба да се поткрене над себеси и да се запраша: „Зошто мене воопшто ми е потребно да се спојувам со некого? Какво е тоа спојување?  Можеби јас сакам да се соединам со други заради корист од овој свет, како во социјализмот? Или јас тоа го посакувам за да го достигнам Создателот? А кој е Создателот?..”

Кратко речено, за да дојдам до наједноставно дејство, јас треба да го обновам целиот систем. Затоа што во духовното не постои половичност, сè во него е целосно и интегрално. Исто како во холографска слика, за да се промени барем еден детал, треба во соодветен размер да се промени целата слика. На таков начин, секое наше прашање, всушност содржи во себе сè. И ако ти прашуваш, што ние треба да правиме, тогаш одговорот е едноставен – треба да правиме сè. Ние разјаснуваме за себеси кој е Создателот, зошто тоа ни е потребно, што претставува дејството на создавање, слободата на волјата, помошта на ближниот, групата и т.н. Сето треба да се вклопи внатре. Оваа слика може да се разгледува во различни големини, но во секој случај, сè е во неа.

Прашање: Дали ние можеме да ја кренеме нашата заедничка, „тркалезна” желба, како  балон, и да ја задржиме меѓу нас оваа сеопфатна состојба?

Одговор: Секој од нас е егоист. Додека духовното – е она, што се наоѓа меѓу нас, и нè соединува, нè спојува заедно. Она, што го чувствувам внатре, се нарекува „овој свет” (Олам Хазе), додека она, што го чувствувам меѓу нас, се нарекува „Виши свет” (Олам Алијон). Ако ние со тебе сме блиски, и се разликуваме само за една вредност, тогаш јас ја чувствувам Светлината Нефеш. Ако разликата меѓу нас двојно се зголемува, тогаш јас ја постигнувам меѓу нас Светлината Руах – бидејќи морав да совладам поголемо растојание. Од една страна, нашиот егоизам расте и нè разединува, а од друга страна, ние се спојуваме еден со друг без оглед на егоизмот, и со тоа достигнуваме поголема сила. Да се задржи таа состојба, постојано да се враќаме во неа – тоа е задачата, и ако сакате, можете да ја преземете за себе. Всушност, што друго има да се прави во животот, освен ова? Одлучете каде треба да се насочи вашиот живот, дали сакате да се одвива во духовната димензија. Јас не можам да ве обврзам на тоа. На конгресот во Арава, ви дадов пример што треба да правите. Ако посакате тоа да го реализирате, тогаш реализирајте го, и ќе добиете според резултатите од таа реализација.

Групата ги влече сите

Прашање: На еден од семинарите од конгресот во Арава имаше прашање за точката на безизлезност, која ние мораме да ја поминеме во текот на патот. Како треба да ја поминеме: поединечно или заедно со целата група?

Одговор: Во текот на напредувањето, групата сè посплотено ги совладува тие фази на патот. Иако навистина, секој може да ја поминува оваа или онаа состојба во негова мера, на негово ниво, но всушност сите се движат заедно.

Прашање: Значи, може да случи групата да ме „провлече” низ некоја состојба?

Одговор: Групата не работи селективно – и само таа – „ги влече” сите. Никој не напредува сам, целиот наш пат се остварува од групата. Колку и да вложува човекот, тој сепак го „вкусува” истото што и другите. Можеби во помала мера, но сепак тој се движи заедно со сите. И затоа сите го поминуваат махсомот, сите излегуваат од Египет, вклучително и „децата”, „жените”, „мажите” и „старците”.

Од утринската лекција,21.01.2013г. на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica