Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Синџирот на генерации

12.03.2012

Прашање: Што се мисли со терминот „претходни реинкарнации“?

Одговор: Зборував за полето преку кое сме поврзани еден со друг. Реинкарнација значи дека генетската информација се пренесува од една генерација на друга, но засега го откриваме само материјалниот аспект од тоа. Меѓутоа, исто така содржи сензорни и рационални информации за светогледот на претходните генерации кој се пренесува на потомците.

Затоа дури малите деца од новата генерација се резултат на претходната, и во себе имаат сé низ што поминала претходната генерација. Значи, развојот на човештвото се одвива преку синџир на генерации. И како што од една генерација на друга ги предаваме материјалните достигнувања во технологијата, науката и уметноста, така го пренесуваме и нашиот внатрешен емоционален и интелектуален развој.

Ова може да се потврди кај новороденчињата. Гледаме дека денес, децата имаат перцепција која одговара на онаа на нашата генерација. Но ако можеме да родиме бебе што припаѓа на период, да речеме, десет генерации пред нас, ќе видиме колку е различно од модерното новороденче во својот потенцијал и способност за развој.

Овој феномен може да се нарече реинкарнација бидејќи личноста пренесува информации од претходниот живот во сегашниот. А што е претходен живот? Тоа е животот кој му се пренесува од претходната генерација.

Да речеме дека пред сто години луѓето имале одредено ниво на интелект и чувства. Се развивале во рамките на својата генерација и починувале. Нивните деца сега припаѓаат на различно ниво на развој. Зошто? Бидејќи една генерација и пренесува на другата не само физичка материја формирана од клетките на таткото и мајката, туку и извесна внатрешна човечка порака. Оваа прогресија на генерации ние ја нарекуваме реинкарнација.

Од КабТВ „Нов живот“ епизода 3,

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica